Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Интервју со Дарио Николовски: Зелената енергија е иднината и ние максимално вложуваме во неа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Интервју со Дарио Николовски: Зелената енергија е иднината и ние максимално вложуваме во неа
Магазин

Интервју со Дарио Николовски: Зелената енергија е иднината и ние максимално вложуваме во неа

Објавено 13/12/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата изработи стратегија за развој на енергетиката до 2040 година согласно европскиот „зелен договор“ што налага производството на електрична енергија од обновливи извори да се зголемува.

Според зборовите на директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски „Она што е нај актуелно периодов е завршната фаза на ветерниот парк Богословец во Св. Николе. Тоа е ветерен парк што треба до крајот на годината да се заврши со техничките процедури и се надевам дека од идната година ќе почне со работа“, вели тој во интервју за Фронтлајн.

Станува збор за голем ветерен парк од осум турбини со моќност од 36 мегавати и со тоа ќе биде поддршка за целиот енергетски систем во земјата, особено сега во време на светска енергетска криза, појаснува Николовски.

Тој нагласува дека од увидот на терен видливо е дека сè е инсталирано и се очекува само да се изврши пробната намена, да се финишира со целата потребна документација и да се пушти во употреба.

„Станува збор за приватна инвестиција од околу 50 милиони евра, а инвеститорите веќе покажуваат интерес за нова инвестиција благодарејќи на политиките на Владата кои создаваат добра бизнис клима за големи инвестиции на полето на енергетиката“, вели Николовски.

Што се однесува до ветерниот парк во Богданци, според директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски, се подготвува зголемување на неговиот капацитетот и ЕСМ работи на негово проширување со уште три турбини со што вкупниот капацитет би се зголемил од постојните 36 на 50 мега вати моќност.

„Кога зборуваме за обновливи извори на енергија не треба да се заборави и најголемиот проект досега, а тоа е ветерниот парк што го гради германската компанија ВПД. Се работи за 500 милини евра инвестиција во ветерен парк со моќност од над 400 мега вати што ќе ја обезбедуваат 69 ветерници. Во меѓувреме освен ветерни паркови беше пуштена во употреба и најголемата досега фото напонска централа од 17 мега вати“, вили директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски во интервјуто за Фронтлајн.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:дарио николовски
Претходен напис Денеска променливо облачно и студено, со сончеви периоди во попладневните часови
Следен напис Земјоделките бараат системско решение за платено породилно отсуство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?