Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски за МИА: Зголемено домашно производство на храна со 193 милиони евра за капитални инвестиции и субвенции во земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски за МИА: Зголемено домашно производство на храна со 193 милиони евра за капитални инвестиции и субвенции во земјоделство
Агровести

Ковачевски за МИА: Зголемено домашно производство на храна со 193 милиони евра за капитални инвестиции и субвенции во земјоделство

Објавено 11/12/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За следната година го имаме најголемиот буџет за земјоделство со кој се реализира најголемата земјоделска реформа за промена на моделот за субвенционирање, мерки кои што ќе овозможат одржливо и зголемено производство на домашна храна, посочи претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, во денешното интервју за Медиумската информативна агенција-МИА.
Премиерот Ковачевски изјави дека новиот предлог Буџет за земјоделство за 2023 е во износ од околу 193 милиони евра што е зголемување за 45 милиони евра споредено со 2022. Најголем дел од средствата односно 140 милиони евра се алоцирани во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, од кои 114 милиони евра се наменети за исплата на субвенциите и спроведување на најголемата реформа во земјоделството.
„Со новиот „decoupling систем“, земјоделците добиваат авансна исплата на субвенциите,  која што ќе им биде исплатена во тековната година кога конкурирале за субвенцијата, односно тогаш кога им се најпотребни пари за да  можат да ја започнат новата реколта, но и да имаат одржливо земјоделско производство со што ги мотивираме земјоделците да произведат повеќе храна. Дополнителна поддршка добиваат оние земјоделци кои ќе се насочат кон производство на стратешките култури, со користење на сертифицирано семе, а дополнителна поддршка е предвидено и за земјоделците кои од своето производство создаваат  финален производ за продажба. Напоменувам дека со новиот модел не е предвидено намалување на средствата наменети за земјоделците, туку нивна поефикасна прераспределба, побрза исплата, што значи планско и одржливо производство, од што бенефит ќе имаат и земјоделците и државата“, рече премиерот Ковачевски.


Во однос на ефектите од новиот модел, премиерот Ковачевски појасни дека треба да се има предвид дека е врзан со производство на храна. Конкретно, исплатата е авансна во тековната година, во некои гранки првите резултати ќе ги имаме уште следната година, но во некои сектори после две години, се во зависност од земјоделската култура. На пример, кај сончогледот, со мерката за вештачко ѓубриво што се донесе пролетоска, уште годинава имаше пораст на производството на сончоглед, посочи премиерот Ковачевски. 
Во интервјуто за МИА , премиерот Ковачевски, изјави фокус и следната година се става на капиталните инвестиции во водостопанската инфраструктура.  
„Веќе следната 2023 година завршува изградбата на  браната Конско во вредност од 40 милиони евра. Во 2023 година завршува и изградбата на хидросистемот Равен-Речица во вредност од 15 милиони евра, а продолжува изградбата на браната Речани, како и изградбата на четири системи за наводнување во рамки на речниот слив на Река Вардар, започнува изградбата на браната на река Слупчанска, но и уште други капитални инвестиции“, рече премиерот Ковачевски.
Како дел од стратегијата за одржливо и зголемено производство на земјоделски производи и храна, премиерот Ковачевски потенцираше дека за прв пат донесен е и Националниот план за производство на храна во кој што е вклучена и Интервентната програма во вредност од 900 милиони денари. Тоа се мерки за помош на земјоделците, мерки насочени кон стратешките производи пченица, пченка, сончоглед, месо, односно главните суровини за производство на основните прехранбени производи“, рече премиерот Ковачевски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вардарвладакапиталниковачевскимзшвнаводнувањесубвенции
Претходен напис МЗШВ: Малите производители ќе ги поддржиме со грант до 600.000 денари, треба само да се регистрираат во АХВ, за да можат да остваруваат продажба од праг или фарма
Следен напис За да аплицирате за ГРАНТ од 10 000 евра мора да бидете регистрирани во АХВ за продажба од куќен праг, еве ги условите за МЛЕКО и МЛЕЧНИ производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?