Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пилешкото од лабораторија доби зелено светло дека е безбедно за јадење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Пилешкото од лабораторија доби зелено светло дека е безбедно за јадење
Магазин

Пилешкото од лабораторија доби зелено светло дека е безбедно за јадење

Објавено 01/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стартапот Upside Foods, како што наведува NBC, добил клучно безбедносно одобрение од Агенцијата за храна и лекови (FDA). Одобрена е безбедноста на технологијата што ја користи овој стартап со седиште во Калифорнија. Одгледуваат животински клетки и создаваат месо без колење животни, а сега за прв пат во историјата добија зелено светло дека нивното пилешко е безбедно за јадење.

FDA во средата објави дека го проценила процесот на производство на Upside Foods и клеточниот материјал што го користат во производството, истакнувајќи дека „немаат дополнителни прашања за безбедноста на таквото месо“.

Компанијата го опиша овој момент како пресвртница во историјата на храната. „Оваа пресвртница означува голем чекор кон нова ера во производството на месо и јас сум воодушевена што американските потрошувачи наскоро ќе имаат можност да јадат вкусно месо одгледувано директно од животински клетки“, рече Ума Валети, извршен директор и основач на Upside Foods.

Како што наведуваат на нивната веб-страница, производството на нивното месо бара 77 проценти помалку вода од стандардната месна индустрија. Очекуваат дека со текот на времето бројките само ќе се намалуваат. Тие се фалат и дека користат 100 отсто обновлива енергија во нивниот производствен капацитет. Но, за нивните производи да се најдат на полиците на продавниците, Upside Foods допрва треба да добие потврда од Службата за безбедност и инспекциски надзор на храна при Министерството за земјоделство.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Пилешко
Претходен напис (Видео) Рецепт за фантастична домашна кобасица, без адитиви и хемикалии
Следен напис Времето денеска облачно со сончеви периоди, претпладне со услови за слаба магла
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?