Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Откупот на тутунот стартува со 30 проценти повисока цена во однос на лани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Ковачевски: Откупот на тутунот стартува со 30 проценти повисока цена во однос на лани
Пазари

Ковачевски: Откупот на тутунот стартува со 30 проценти повисока цена во однос на лани

Објавено 28/11/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупот на тутунот годинава стартува со 30 проценти повисока цена во однос на лани, а се очекува да бидат откупени 21 илјади тони тутун, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по средбата со тутунопроизводителите во Прилепскиот регион.

Покрај повисоката откупна цена, како што рече, има и повеќе склучени договори, поголемо планирано количество на откуп и има подобар квалитет на тутунот, што според него, оди во прилог на  успешен откуп со крајни бенефити и за државата и за тутунопроизводителите.

– Просечната откупната цена за килограм тутун сега е 261 денар, за разлика од лани кога беше 250. Ова се историски највисоки откупни цени на тутунот во последните 10 години, рече Ковачевски.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски посочи дека откупната цена за прва класа е 300 денари, 240 денари за втора, а 180 денари за трета, како и дека има над 29.000 склучени договори.

– Овие успеси се резултат на сите политики што ги преземавме во изминатиот период, рече Николовски.

Како што истакна тој, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за следната година има најголем буџет.

– Навреме ќе бидат исплатени сите средства кон тутунопроизводителите и обезбедени се средства за новиот начин на субвенционирање, рече Николовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Трипуновски: Оваа година е година на инвестиции и системски промени во земјоделскиот сектор
Трипуновски: 25.500.000 ден. за набавка на современа опрема за одгледување на расад на тутун во оранжерии, за Научниот институт за тутун – Прилеп
Таг:Ковачевскиоткуптутунцена
Претходен напис Поевтинуваат бензините и дизелот – Ова се новите цени
Следен напис Николовски: Годинава е постигната рекордно највисока откупна цена на тутунот, 261 денари по килограм
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?