Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Обновливите извори на енергија се иднината на регионот, инвестициите во зелената транзиција се клучни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски: Обновливите извори на енергија се иднината на регионот, инвестициите во зелената транзиција се клучни
Агровести

Ковачевски: Обновливите извори на енергија се иднината на регионот, инвестициите во зелената транзиција се клучни

Објавено 17/11/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Република Северна Македонија како земја од Западен Балкан која е насочена кон просперитет и развој, интензивно работи на обезбедување на енергетска стабилност и независност за што има донесено мерки и модели на краток, но и на подолг рок, но и нова Стратегија за инвестиции во зелена енергија. Ова го истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Белград на панел дискусија за можностите за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан на која учествуваат инвеститори од Норвешка.

Премиерот Ковачевски посочи дека Северна Македонија е фокусирана на обезбедување на енергетска стабилност во услови на светска енергетска криза за што има краткорочен план кој до сега успешно се спроведува со активирање на сите капацитети за домашно производство на струја. Но, земјата има и долгорочен план со кој се стремиме кон декарбонизација и насочување кон она што го имаме во изобилство, производство на струја од ветер, сонце и вода.

„Република Северна Македонија е првата земја во регионот на Западен Балкан која усвои Стратегија за развој на енергетскиот сектор во 2019 година, заснована на столбовите на Зелениот договор на ЕУ. Ние сме првата земја која спроведува проект за замена на стара термоцентрала на јаглен во Осломеј, Кичево, на место каде што веќе градиме 120 MW соларна централа на местото на поранешниот рудник за лигнит. Ова е конкретен чекор кон енергетската транзиција на Северна Македонија и покажува силна волја за декарбонизација на нашиот енергетски сектор, а со тоа и декарбонизација на нашата економија“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот посочи дека Владата на Република Северна Македонија како ниедна до сега вложува во енергетиката и во проекти кои на среден и долг рок ќе носат само бенефит. Тоа се гледа во посветеноста на енергетската транзиција на земјата, затоа што тоа е иднината и за енергетска независност на земјата, но и на целиот регион и за заштита на животната околина.

Целта на Конференцијата е да ја зајакне соработката во можностите за развој на капацитети за обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан кои треба да обезбедат енергетска независност. Регионалната конференција за можностите за инвестирање во обновливи извори на енергија во Западен Балкан е во организација на Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград и Сараево и претседателот на Србија, Александар Вучиќ во соработка со Нордиската стопанска алијанса.

Може да ви се допадне

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане
Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка
Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите
Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
Таг:димитар ковачевскизелена енергијаобновлива енергија
Претходен напис Во сабота релативно топло со сончеви периоди, во недела и понеделник врнежи
Следен напис МЗШВ заедно со МИОА и Министерството за економија се првите министерства што се дел од пилот постапката за реорганизација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?