Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов модел на субвенционирање: Грант од 10 000 евра за мали семејни бизниси подготвени за продажба од куќен праг
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нов модел на субвенционирање: Грант од 10 000 евра за мали семејни бизниси подготвени за продажба од куќен праг
АгровестиДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Нов модел на субвенционирање: Грант од 10 000 евра за мали семејни бизниси подготвени за продажба од куќен праг

Објавено 15/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Љупчо Николовски, во интервју за платформата Агротим најави продолжување на поддршката за малите семејни винарии но и нова програма за поддршка на малите производители на храна, со грант до 10 000 евра.

Ја продолжуваме и поддршката кон малите семејни винарии преку посебна програма за финасисрање на малите производители на вино, каде обезбедуваме грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство на вино. Исто така нова програма креираме за поддршка на малите производители на храна, со грант до 10.000 евра наменет за набавка на опрема за производство и директна продажба, сакаме во наредниот период да поттикнеме развој на нови 2000 мали семејни бизниси кој ќе се регистираат во АХВ, произведувајќи нови традиционални брендови. Поддршка обезбедивме и за формирање на задруги, за да можеме да ги поттикнеме земјоделците да се здружат и да бидат поконкурентни на пазарите. Преку оваа програма предвидуваме поддршка од 3 милиони денари за веќе постојните задруги и 1.500.000 денари за новоформираните задруги.
Целиот овој нов модел има една цел, да обезбеди стабилно и зголемено домашно производство на храна. Долгорочна обезбеденост на државата со храна пред сè од сопствено производство, намалување на увозната зависност, а да го зголемиме извозот на домашни значајни култури и производи – вели Николовски.

ИНТЕРВЈУ – Љупчо Николовски: Субвенции за вистински земјоделци, исплата навремена, отворен повик за грант од 10 000 евра во текот на цела година

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:грантевраЉупчомзшвНиколовскинов модел на субвенционирањесубвенции
Претходен напис Николовски: Ја продолжуваме поддршката на малите семејни винарии со грант од 10 000 евра
Следен напис Водич за фармерите како да продаваат месо и преработки од месо од куќен праг, услов за добивање грант од 10 000 евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?