Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Училиштето „Ѓорче Петров“ од Кавадарци избира најдобри млади вина произведени од ученици од земјоделската струка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Училиштето „Ѓорче Петров“ од Кавадарци избира најдобри млади вина произведени од ученици од земјоделската струка
Магазин

Училиштето „Ѓорче Петров“ од Кавадарци избира најдобри млади вина произведени од ученици од земјоделската струка

Објавено 14/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Училиштето „Ѓорче Петров“ од Кавадарци избира најдобри млади вина произведени од ученици од земјоделската струка. Од средношколскиот училишен центар денеска информираа дека, традиционално, и оваа година се вклучуваат во одбележувањето на месецот на младо вино, ноември, покрај многубројните настани што се организираат во повеќе земји во светот.

– Преку дегустација на млади црвени и бели вина произведени од наши ученици, ние се вклучуваме во светските настани, на свој начин му даваме автентично обележје. Сите наши ученици коишто во теоретската и практичната настава изучуваат како се произведува добро вино, а направиле обиди за свое производство, треба да достават винска мостра, што ќе биде оценувана од посебна комисија составена од стручни лица енолози, појаснија од „Ѓорче Петров” за МИА.

Од училиштето соопштија дека следуваат награди за учениците што произвеле најдобри вина. Доделувањето на наградите ќе биде на 24 ноември, кога ќе има рецитал и музичка програма изведени од ученици, а присутните ќе можат и да дегустираат од младите вина.

– Прославата на младото вино е настан поврзан со  една од науките и дејностите кои ги изучува и применува нашето училиште. Дел од нашите ученици токму овде се стекнуваат со првите знаења од енологијата. Некои од нив подоцна студираат енологија. Од овие училишни клупи излегуваат многу добри мајстори за производи од грозје. Без разлика дали се вработуваат некаде, или започнуваат семеен бизнис, нагласуваат од „Ѓорче Петров”.

Мотото на училиштето, е, „денес ученик, утре стручњак”.

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Серафимовски во Кавадарци: Килограм „вранец“ ќе се откупува за 21.8, а „смедеревка“ 20 денари
Пиперки полнети со урда
Таг:Ѓорче петровКавадарцимлади винаученици
Претходен напис Поветинуваат бензините и дизелот
Следен напис Министерот Николовски ќе учествува на 16-тиот работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?