Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Тиквеш“ најавува воведување три нивоа на квалитет на грозје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Тиквеш“ најавува воведување три нивоа на квалитет на грозје
Агровести

„Тиквеш“ најавува воведување три нивоа на квалитет на грозје

Објавено 10/11/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Винарската визба „Тиквеш“ планира од следната берба да воведе три нивоа на квалитет на грозје дефинирани според прецизни критериуми и механизми за мониторинг и контрола на лозовите насади во делот на нивната здравствена состојба, висината на приносот, начинот на наводнување, видот и обемот на агротехничките мерки кои се применуваат, начинот на берба и транспорт на грозјето,…

Како што соопшти „Тиквеш“ , според дефинираните нивоа ќе има и соодветен финансиски надомест.

-Ваквиот пристап што се темели на почитување на стандарди и критериуми за квалитет е веќе одамна воспоставена практика во најразвиените и најпознатите светски вински региони и земји. Неговото почитување е гаранција за долгорочен, стабилен развој на лозарството и целата винска индустрија, кој ќе се базира на производство на грозје со висок квалитет, што ќе донесе и повисоки откупни цени и поголема стабилност и сигурност за лозарите. Истовремено, воспоставувањето и почитувањето на критериумите за квалитет на грозјето се еден од основните предуслови за производство на висококвалитетни автентични вина со висока додадена вредност кои се бараат на пазарите ширум светот, велат од „Тиквеш“ во врска со најновата средба помеѓу раководството и лозарите. На средбата посебно внимание било посветено на поставување на стандардите за квалитет на винското грозје кои се темелат на најдобрите светски практики и критериуми, како и на барањата на пазарите каде се пласира виното на „Тиквеш“, како и на воспоставување своевидно договорно производство.

-На средбата со лозарите, раководството на „Тиквеш“ информираше дека винарницата е подготвена да го субвенционира подигнувањето нови лозови насади од страна на кооперантите и воедно, во следните 10 години, да го гарантира откупот на лозјето од овие насади, одгледано согласно дефинираните стандарди и критериуми за квалитет.

На средбата прв пат беа дегустирани и вина произведени од лозја на кооперанти кои веќе ги применуваат критериумите за квалитет на „Тиквеш“, при што овие вина добија највисоки оценки, наведува винарницата и воедно информира дека ќе продолжи да ги поддржува лозарите во текот на целата година, обезбедувајќи им ѓубрива и заштитни средства со пониски цени, како и бесплатни анализи на почвата, едукација и стручни совети како да постапуваат при одгледување и заштита на лозјата. Во сегментот на едукацијата, ангажирана е и една од водечките светски консултантски компании во лозарството – Perleuve од Италија, која ќе работи на креирање мапи со прецизно класифицирани лозови насади, при што точно ќе се утврди нивниот потенцијал. Се дискутираше и за предлогот на „Тиквеш“ за отпочнување на процесот на окрупнување на лозовите насади, преку здружување на повеќе производители, со што би се формирале насади со површини поголеми од 10 хектари.

-„Тиквеш“ е подготвен да го поддржи овој процес преку инвестирање во набавка на соодветна механизација за берба на грозје, со што ќе се овозможи откуп на самиот посед и би се надминал проблемот со недостаток на работна сила за време на берба, кој станува се поизразен, подвлекува винарницата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:грозјеквалитетнивоатиквеш
Претходен напис Од утре времето ќе биде постудено, а од недела дожд и снег на планините
Следен напис Цената на пелетите е ограничена на 27.000 денари за тон
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?