Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Два активни пожара во Кичевско и еден во Македонски Брод
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > (ВИДЕО) Два активни пожара во Кичевско и еден во Македонски Брод
Шумарство и водостопанство

(ВИДЕО) Два активни пожара во Кичевско и еден во Македонски Брод

Објавено 02/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Два активни пожари има во Кичевско и еден во Македонски Брод, известува Регионалниот центар за управување со кризи Охрид. Пожарот што избувнал на 30 октомври во 13 часот во близина на Тајмиште во општина Кичево е сè уште активен. Во гаснењето на пожарот вчера интервенирале четири лица од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“.

Според последните информации, пожарот се движи во правец на селото Колари, но сè уште е далеку од населеното место. Сè уште е активен и пожарот над кичевското село Бачишта, кој почна на 30 октомври во 20:30 часот. Според РЦУК Охрид, со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, лисја, папрат и ниска вегетација. Во гасењето на пожарот интервенирале ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ и доброволци од месното население од селото Бачишта.

– Според последните информации, пожарот се движи по ливади кон хидроцентралите и реката и е во непосредна близина на Бачило.

Од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ известуваат дека пожарот се шири во правец на реката што делумно ќе го спречи гаснењето на пожарот, информира РЦУК Охрид. Пожарот што избувна на 30 октомври во 10 часот во атар на село Ореовец, во место викано Присој во Македонски Брод, исто така, сè уште е активен и е префрлен во атарот на селото Русјаци. -Со пожарот се зафатени ниска деградирана шума и лисна постела.

Во гаснењето на пожарот интервенирале четири лица од ЈП „Македонски шуми“ подружница „Сандански“ и четворица пожарникари со едно противпожарно возило од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод. Во гасењето на пожарот е вклучен еден хеликоптер на МВР, се наведува во известувањето. Поради оддалеченоста за полнење со вода на противпожарното ведро на хеликоптерот, соопштува РЦУК Охрид, во текот на денот се излезе на терен за да се избере локација за поставување монтажен базен од кој хеликоптерот ќе може да полни вода односно место соодветно за ниско слетување.

Може да ви се допадне

Пожари во Ваксинце и Арбанашко, опожарени околу дваесетина хектари шума
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Градење отпорни екосистеми преку управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан
Успешно одржан 10-ти Состанок на Националната мрежа за управување со пожари на ниво на предел
Активности на ДЗС за подготовка пред сезоната на пожари
Таг:Кичеволопушникмакедонски бродпожари
Претходен напис И денеска по свежото утро, нè очекува сончево и топло време со температури до 28 степени
Следен напис На велешките земјоделци им се делат картички за „зелена нафта“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?