Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Преку новиот концепт за земјоделско осигурување решаваме уште еден децениски проблем на земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Преку новиот концепт за земјоделско осигурување решаваме уште еден децениски проблем на земјоделците
Агровести

МЗШВ: Преку новиот концепт за земјоделско осигурување решаваме уште еден децениски проблем на земјоделците

Објавено 31/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Новиот концепт за земјоделско осигурување на кој министерството работи нема цел да наметне нов трошок на земјоделците, туку напротив нуди решение за уште едно повеќе децениско прашање кое ги мачеше земјоделците. Оттука, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство реагира на изнесените невистини од страна на политичката партија Левица.

Во интерес на јавноста би сакале на кратко да информираме што точно се предвидува со новиот концепт за земјоделско осигурување.

Концептот кој го работи министерството предивидува формирање на осигурителен пул, чија цел ќе биде осигурување на земјоделското производство на сите земјоделци. Побрзо и подобро ситемско решение преку кое земјоделците исплатата на настанатата штета ќе ја добиваат во текот на истата година кога е настаната штетата.

Реализацијата на овој нов концепт за земјоделско осигурување е предвидена со неповратени средства од Зелен  климатски фонд и првите три години земјоделците целосно ќе бидат ослободени од трошоците за осигурување, а како ќе заживува концептот нивните трошоци за учество, по овие три години би биле минимални.

Висината на полисите ќе ја утврдува државата и тие ќе бидат драстично пониски, со многу поголем опфат на ризици од досегашните полиси. Со новиот модел земјоделците добиваат уште една предност, односно се зголемува процентот за исплата на штетите, од досегашните најмногу до 10%, на намјалку 40% од утврдената штета.

Земјоделското осигурување ќе биде задолжително и поврзано со исплатата на субвенциите во оној момент кога концептот целосно ќе заживее и ќе се донесе законот, кој заедно со земјоделците се подготвува.  

Изминатиов период министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започна со реализиација на повеќе мерки за заштита на земјоделските површини од природни непогоди. Системот за авионско засејување на градоносните облаци помага во намалување на штетите предизвикани од град и досега даде одлични резултати. Постоа министерството нуди и мерка за поставување на заштитни мрежи за овошните и лозови насади. Како никогаш претходно се инвестира во во изградба на брани и системи за наводнување на земјоделските површини, а преку Програмата за Рурален развој обезбедуваме поддршка на земјоделците во поставување на системи за наводнување капка по капка и бунари.

Како министерство многупати сме докажале дека сме вистински партнер на земјоделците и заедно со нив посветено работиме во креирање на мерки и решенија на сите проблеми кои со години ги мачат земјоделците, развивајќи го македонското земјоделство.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:задолжителномзшвнаводнувањенов законосигурувањесистемиштети
Претходен напис Руски научници тврдат дека развиле неотровно средство за заштита на компирите
Следен напис Ќе се доделат 30 стипендии во износ од 18.000 денари за студенти запишани на додипломски студии од областа на земјоделските, шумарските и ветеринарните науки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?