Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Северна Македонија умерено подготвена во областа на земјоделството и руралниот развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Северна Македонија умерено подготвена во областа на земјоделството и руралниот развој
Агровести

Северна Македонија умерено подготвена во областа на земјоделството и руралниот развој

Објавено 23/10/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Северна Македонија останува умерено подготвена во областа на земјоделството и руралниот развој, оценува Европската комисија (ЕК) во последниот Извештај за напредокот на земјава.

Според Комисијата, постигнат е одреден напредок во текот на извештајниот период. Се подобри апсорпцијата на ЕУ фондовите во рамки на ИПАРД 2, но треба да се обезбедат дополнителни кадровски ресурси и да се прошири имплементацијата на ИПАРД 3 за целосно искористување на достапните можности за финансирање.

ЕК препорачува Северна Македонија да донесе законска рамка за натамошно усогласување со правото на ЕУ во областа на директните плаќања и заедничкото организирање на пазарите.

-Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2021-2027, донесена во 2021 година, треба да се дополни со Акциски план и буџетирање за да се обезбеди нејзино правилно спроведување, со систем за следење и известување. Треба да се усвои и закон за усогласување на националните шеми за поддршка на земјоделците со правото на ЕУ, пишува во Извештајот.

Комисијата нотира напредок во подобрувањето на квалитетот на податоците на Регистарот на фарми, но и ограничен напредок во однос на интероперабилноста меѓу Регистарот на фарми и Системот за идентификација и регистрација на животните во однос на квалитетот на податоците за животните.

Може да ви се допадне

Почна стопанско-туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“
Распоред за јавно отворање на понудите по јавните повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
(ВИДЕО) Гром усмрти 107 овци на сточарот Тасин Усеинов од Чашка
ЕУ го суспендира увозот на бразилско месо, Бразил изразува „длабока загриженост“
Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани до изутринава, еден активен, три под контрола и 27 изгаснати
Таг:европска комисијаипард 2мзшвсубвенции
Претходен напис РСБСП и МВР: Внимателно управувајте ги земјоделските машини, четири лица годинава загинале во сообраќајни несреќи со трактор
Следен напис Времето денеска сончево и релативно топло со мала локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?