Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На секторот за овошје и зеленчук му се заканува банкрот – Без енергија, производството и дистрибуцијата на овошје и зеленчук не може да опстане
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На секторот за овошје и зеленчук му се заканува банкрот – Без енергија, производството и дистрибуцијата на овошје и зеленчук не може да опстане
Агровести

На секторот за овошје и зеленчук му се заканува банкрот – Без енергија, производството и дистрибуцијата на овошје и зеленчук не може да опстане

Објавено 21/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската асоцијација на производители на свежи производи, Freshfel Europe, ги повикува носителите на одлуки да преземат акција за да го ублажат далекусежното влијание од порастот на цените на енергијата, особено врз секторот за овошје и зеленчук.

Високите цени на енергијата и гасот, како и поскапувањето на сите инпути, услуги и логистика веќе не можат да се апсорбираат. Тие нагласуваат дека овие поскапувања не можат да се надоместат поради малите маржи и отсуството на трансфер на трошоците на потрошувачите.

Без енергија, производството и дистрибуцијата на овошје и зеленчук не може да опстане. Целиот синџир на снабдување е загрозен.

Операторите во оваа индустрија се соочуваат со нееднакви услови на различни национални енергетски пазари во ЕУ. Бидејќи работат со многу мали маржи, а во некои земји цената на енергенсите е зголемена и до десет пати, тие се изложени на економски притисок, предупредуваат. Од друга страна, во последните месеци има ненадеен пад на потрошувачката на свежи производи за 10 отсто.

Производителите може да очекуваат финансиски потешкотии или дури и банкрот доколку наскоро не се најдат решенија.

Филип Бинар, генералниот претставник на Freshfel Europe изјави дека процениле дека дополнителните трошоци за енергија ќе бидат околу 6,8 милијарди евра за тековната сезона – од овоштарниците до заминувањето на свежите производи до станиците за пакување. Секоја категорија во синџирот на снабдување може да има дополнителни трошоци за енергија.

„Доколку трендовите на складирање на јаболка останат непроменети, пресметавме дека таквите дополнителни сметки би можеле да бидат близу 200 милиони евра за следната сезона.“

Тие претходно предупредија дека минатата година секторот претрпел годишни дополнителни трошоци од околу 10 милијарди евра. Малопродажните цени на другите прехранбени сектори неодамна се зголемија за 15 до 20 проценти, префрлајќи дополнителни трошоци на потрошувачите. Меѓутоа, тоа не се случило кога станува збор за свежи производи. Тие предупредуваат дека без соодветно складирање, нивната контаминација ќе се зголеми, што значи дека повеќе храна ќе заврши во ѓубрето.

Бинард нагласи дека овој сектор треба да биде исклучен од какво било потенцијално намалување на потрошувачката на енергија, бидејќи тоа е единствениот начин да се обезбеди испорака на квалитетни и свежи производи до купувачите.

Тој предупредува дека во наредните месеци ќе се намалат залихите, а одгледувачите ќе престанат да работат или ќе остават необрани плодови бидејќи не можат да го складираат.

„Недостигот на соодветна контрола на температурата и светлината ги става растенијата во ризик од мирување, намалувајќи ги приносите. Сето ова може негативно да се одрази на снабдувањето, на кое дополнително се повеќе влијаат и климатските промени“.

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на средба со земјоделците од Чешиново – Облешево
ЕК одобри државна помош од 41 милион евра за грчките земјоделци
Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје, нестабилно и во Полог и Овче Поле
Гоцевски: Производството на вишна е двигател на локалната економија, Општина Делчево ќе продолжи со поддршка на овоштарите
Вечерва ќе се спроведе втората фаза од теристичката дезинсекција против комарци во Берово
Таг:зеленчуковошје
Претходен напис Празот го зајакнува срцевиот мускул, го намалува притисокот и ги чисти крвните садови
Следен напис Николовски: Посетата на ОАЕ значи зголемена соработка и можен потенцијал за инвестиции во нашата држава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?