Пржен, печен, варен или свеж, празот му дава уникатен вкус и мирис на секое јадење. Иако во топлите месеци помалку се јаде поради интензивниот мирис, празот е дел од речиси секое традиционално македонско јадење кое се подготвува во зимските месеци.
Овој зеленчук по своите нутритивни карактеристики е многу сличен со кромидот и со лукот. Во составот на празот има поголеми количества белковини (отколку во кромидот и во лукот), а има и бета-каротен и витамин Ц. Од минерали, празот е богат со манган, фолна киселина, железо, магнезиум, фосфор, калиум и калциум. Има мала енергетска вредност и е нискокалоричен.
Го чува срцето и ги одржува крвните садови чисти
Празот содржи и триосулфонати, кои со сечкање преминуваат во сулфиди (алицин – активна антибиотска материја), кои имаат антибиотско дејство.
Токму присуството на алицинот во составот на празот има моќ да го намали крвниот притисок, а успешно го намалува и нивото на холестеролот во крвта и го јакне имунолошкиот систем.
Како дополнителна придобивка од редовното јадење праз е што тој важи за успешен „борец“ против појава на кардиоваскуларните заболувања. Празот содржи и органосулфидни компоненти, фитохемикалии, што заедно со некои витамини и минерали, поволно дејствуваат врз здравјето. Богат е и со етерични масла, кои го зголемуваат лачењето на дигестивните сокови и со тоа го подобруваат варењето на храната.
Бидејќи содржи доста калиум (во 100 грама има 300 милиграма), а малку натриум (сол), празот е силен природен диуретик. Тој го зголемува излачувањето на течностите и на токсичните материи преку бубрезите. Затоа често им се препорачува на лицата со кардиоваскуларни и со бубрежни заболувања, особено за намалување на отоците.
Нискокалорично растение
Празот е нискокалорично растение. Во само 100 грама праз има околу 35 калории. Токму затоа тој е идеален за одржување на нормалната телесна тежина.
Белиот дел, односно главицата на празот изобилува со природни шеќери, фруктоза и сахароза, па затоа има малку сладок вкус. Зелениот стеблест дел и перјата на празот содржат витамини и активни супстанции што се значајни за зајакнување на имунитетот, па од таа причина треба да се јаде повеќе праз во текот на есента и зимата за да се заштити организмот од вируси. Од минералите, најзастапени се манган и натриум, а од витамините K и А. Празот е познат диуретик, а тоа значи го поттикнува излачувањето на токсините од организмот. Алицинот во неговиот состав овозможува да дејствува во организмот како природен антибиотик и да го одржува имунитетот силен и отпорен.
Празот го зајакнува срцевиот мускул, го намалува притисокот и ги чисти крвните садови
Остави коментар
Остави коментар
