Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Протест на жители од кумановските Љубодраг, Умин Дол и Ново Село заради уништување на свињите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Протест на жители од кумановските Љубодраг, Умин Дол и Ново Село заради уништување на свињите
Агровести

Протест на жители од кумановските Љубодраг, Умин Дол и Ново Село заради уништување на свињите

Објавено 19/10/2022
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Жители на кумановските села Љубодраг, Умин дол и Ново Село, денеска со земјоделска механизација два часа го блокираа стариот пат (регионален) Куманово-Скопје и протестираа, поради како што велат, неосновано уништување на свињите во овој регион.

Според нив, се уништуваат и здрави свињи, иако, како што изјавија за медиумите, африканска чума е регистрирана во една фарма во Љубодраг.

Жителите бараат средба со претставници на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и со Агенцијата за храна и ветеринарство, за да им објаснат зошто се уништува фондот од над 300 свињи.

Најавуваат порадикални мерки и целосна блокада на стариот пат за Скопје, доколку надлежните не одговорат на нивните барања.

Од АХВ велат дека неосновани се шпекулациите оти Агенцијата во овие населени места во Кумановско утре ќе врши евтаназија на сите свињи во одгледувалиштата.

Претседателот на месната заедница од селото, Бобан Лазиќ пак вели дека не знаат кога ќе бидат обештетени и ниту една институција не доставила решение до одгледувачите.

– Се собравме тука да изразиме револт против одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство за уништување на нашите свињи. Пред еден месец ги проверија нашите свињи, само кај едно одгледувалиште беше регистрирана африканска чума, а сега велат дека мора сите свињи да ги уништат во село Љубодраг. Никој нè не информира како ќе бидеме обештетени, немаме ниту решение добиено и бараме од надлежните да дојдат и да разговараме да ни објаснат зошто сакаат да ни ги уништат свињите, вели Лазиќ.

Зора Михајловска, жителка на Љубодраг кажа дека не сакала да потпише документ во кој било наведено дека свињите се позитивни, бидејќи вели не добила такви резултати.

Љубиша Митровски, жител на соседното Умин Дол, вели дека кај нив нема регистрирано африканска чума, но дека тоа не им дава гаранции дека за некој ден Агенцијата за храна и ветеринарство нема да издаде наредба да ги уништат и нивните свињи. Жителите велат дека намерно се уништуваат свињите, за да се увезува, како што велат, замрзнато месо од други земји.

Од сточарско ветеринарниот центар „Тодор Велков“ Куманово велат дека само се извршители на ветеринарните работи на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

– По констатирање на свинската болест африканска чума издадено е решение од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и ние како вршители ја извршуваме работата. Ние не носиме одлуки, туку ги извршуваме одлуките за кои сме задолжени од АХВ. Првиот интерес е да се зачува здравјето на луѓето и можноста да не се прошири болеста во пошироки региони. За сето тоа одлуки носи соодветното тело во Агенцијата за храна и ветеринарство, и ние тука само постапуваме по таа одлука. Донесени се решенија, но не од ветеринарно сточарски центар, туку од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Ние по тие решенија треба да постапиме во согласност со луѓето кои имаат животни во тоа село, вели директорот на ветеринарно сточарски центар Куманово, Зоран Пешевски.

Од центарот појаснуваат дека работата по наредба на АХВ во соработка со професори од ветеринарниот факултет.

-По потврдувањето на позитивен случај во село Љубодраг каде се преземени потребните мерки и жариштето е сузбиено, врз основа на донесеното Решение за преземање на заштитни контролни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите, евтаназија на свињите со нивно нештетно отстранување ќе се спроведе само во населеното место Љубодраг, кое е во заштитната зона од три километри. Одгледувалиштата кои имаат имплементирано високи биосигурносни мерки имаат можност свињите економски да ги искористат со колење во кланица со која АХВ има склучено договор. Во зоните под надзор (10 километри) каде спаѓаат и населените места Умин Дол и Ново Село, засега не се спроведуваат активности, но во наредниот период и таму ќе се спроведат одредени мерки со можност за економско искористување на свињите, велат од АХВ.

Болеста африканска чума кај свињите во кумановскиот регион досега е потврдена во населените места Долно Коњаре, Куманово, село Арбанашко и Љубодраг и кај угинати свињи кои беа најдени на депонија во близина на село Никуштак Липковско.

Од АХВ посочуваат дека и во Кумановско продолжува спроведувањето и на контролните и заштитните мерки дефинирани со донесените решенија за спроведување на контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите, како што се вонреден попис на одгледувалиштата, идентификација на свињите, спроведување на клинички прегледи и земање на мостри за лабораториско испитување. Според последните податоци, со мерката за депопулација досега се опфатени вкупно 3.500 свињи. Од нив 3.344 се евтаназирани, а 156 се испратени на колење за економско искористување.

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:евтаназијапротестсвињи
Претходен напис Ковачевски од ОАЕ: Фондовите во Абу Даби покажаа интерес за инвестиции во Северна Македонија
Следен напис Времето денеска сончево и ветровито, дневната температура до 23 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?