Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општина Кочани објави повик за обука за економско јакнење на жените земјоделки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Општина Кочани објави повик за обука за економско јакнење на жените земјоделки
Рурален Развој

Општина Кочани објави повик за обука за економско јакнење на жените земјоделки

Објавено 17/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Кочани објави повик за обука на жени земјоделки за брендирање, пакување и продажба на земјоделски производи, што ќе се реализира во рамки на серијата тематски обуки за економско јакнење на жените.

Приоритет во спроведувањето на обуката ќе има подобрувањето на пристапот и зголемувањето на конкурентноста на жените на пазарот на труд преку унапредување на нивните бизнис-вештини, како и подобрување на вештините за вработување и самовработување. Исто така, ќе се работи на подобрување на конкурентноста на пазарот на компаниите што ги предводат или се во сопственост на жени.

-Според критериумите во конкурсот, кандидатките кои ќе пројават интерес треба да се на возраст од над 18 години, со минимум завршено средно образование и да се жителки на општина Кочани. Во обуката што ќе се спроведе онлајн ќе бидат опфатени 20 жени кои треба да се невработени или вработени во земјоделскиот сектор, да имаат идеја за започнување земјоделски бизнис, сопствен бизнис во земјоделскиот сектор или да се косопственички на таков бизнис. Предност ќе имаат жените чии бизниси не се постари од пет години. Пријавувањето за учество на обуката е електронски или со писмена пријава во Општина Кочани, најдоцна до 2 ноември. При изборот на учесничките ќе се следи принципот „прва пријавена – прва услужена, истакна Љубинка Ајтовска, координаторка за еднакви можности на жените и мажите во општина Кочани.

Од локалната самоуправа на Кочани ги повикуваат да се пријават и жените од ранливите категории, односно самохрани мајки, жени од рурални средини, жртви на семејно насилство и жени со попреченост.

Обуката ќе се реализира со Фондацијата ЦЕЕД Македонија, како дел од проектот на UN Women – „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:жени земјоделкиопштина кочани
Претходен напис Најголемите земјоделски и прехранбени компании до 2030 година би можеле да загубат 150 милијарди долари поради климатските промени
Следен напис Поставена првата ветерна турбина во ветерпаркот Богословец
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?