Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Со новиот „decoupling“ систем за распределба на субвенции го зголемуваме домашното производство на храна и ги мотивираме земјоделците повеќе да произведуваат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски: Со новиот „decoupling“ систем за распределба на субвенции го зголемуваме домашното производство на храна и ги мотивираме земјоделците повеќе да произведуваат
АгровестиСубвенции

Ковачевски: Со новиот „decoupling“ систем за распределба на субвенции го зголемуваме домашното производство на храна и ги мотивираме земјоделците повеќе да произведуваат

Објавено 13/10/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со новиот „decoupling систем“ за распределба на субвенциите, прилагоден на предизвиците што ни ги донесе кризата, земјоделците добиваат авансна исплата на субвенциите тогаш кога им се најпотребни пари за да имаат одржливо земјоделско производство, порача претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на денешната заедничка прес-конференција со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

„Земјоделството и земјоделците се гордоста на оваа земја. Земјоделството е една од врвните приоритети и на оваа Влада и на државата. Затоа и оваа Влада е посветена на понатамошно развивање привлекување инвестиции во секторот. Затоа што сакаме нашите земјоделци да имаат подобар животен стандард, поголем поврат на своите вложувања и инвестиции кои ги прават и пред се макотрпна работа во земјоделството и затоа денес, заедно со министерот Николовски ќе презентираме нов транспарентен и ефикасен систем на поддршка чија цел е да ја зголеми продуктивноста, но и квалитетот на земјоделското производство.

Денес, размислуваме и неколку чекори напред. Мора да се зголеми домашното земјоделско производство, а тоа подразбира цела стратегија која опфаќа повеќе сегменти, од модел на субвенции, капитални инвестиции, советодавни услуги, европски фондови до вложување во човечки ресурси.

Затоа, денеска имавме посебна тематска седница токму за земјоделство. На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата го усвои новиот модел за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Досегашните анализи, но и оваа светска криза, покажаа дека е потребна итна промена на моделот за земјоделски субвенции, промена која што на краток, среден и на долг рок ќе даде ефекти, односно ќе значи поголемо производство на домашна храна и намален увоз.

Конкретно, досегашниот систем според кој земјоделците добиваа субвенции без да прикажат дека оствариле производство, се заменува со нов „decoupling систем“. Со овој нов модел земјоделците добиваат авансна исплата на субвенциите која ќе ја добиваат во тековната година кога конкурирале за субвенцијата, односно тогаш кога им се најпотребни пари за да имаат одржливо земјоделско производство.

Ги мотивираме земјоделците да произведат повеќе храна. Дополнителна поддршка добиваат оние земјоделци кои ќе се насочат кон производство на стратешките култури, со користење на сертифицирано семе и производот ќе го предадат кај регистрирани капацитети или земјоделски задруги.

Дополнителна поддршка е предвидено и за земјоделците кои од своето производство создаваат финален производ за продажба.

Ова е само прва фаза од реализацијата на новиот „decoupling систем“ за распределба на земјоделските субвенции. Оваа година се применува за овоштарството. Имавме пилот проект кај производството на сончоглед а веќе од следната година ќе бидат опфатени сите земјоделски гранки.

Она што е важно и треба да го знае секој земјоделец и секој граѓанин, е дека со новиот модел не е предвидено намалување на средствата наменети за земјоделците, туку нивна поефикасна распределба, побрза исплата, што значи планско и одржливо производство, од што бенефит ќе имаат и земјоделците и државата.

Со новиот систем за субвенции, фокусот го ставаме на стратешките култури, на суровините потребни за производство на основните прехранбени производи.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:decouplingковачевски
Претходен напис Организацијата на потрошувачи останува на барањето да се замрзнат цените на производите, а не на маржите
Следен напис И денеска нè очекува облачно, свежо и врнежливо време
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?