Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Скандал во живинарскиот сектор во Полска – Без да знаат ја хранеле живината со штетни масти, консумирањето на тоа месо е опасно по здравјето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Скандал во живинарскиот сектор во Полска – Без да знаат ја хранеле живината со штетни масти, консумирањето на тоа месо е опасно по здравјето
Агровести

Скандал во живинарскиот сектор во Полска – Без да знаат ја хранеле живината со штетни масти, консумирањето на тоа месо е опасно по здравјето

Објавено 06/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Полска ја тресе скандал во живинарскиот сектор. Полицијата извршила увид во најмалку 66 производствени погони и утврдила дека постојат основани сомнежи дека кокошките, патките и мисирките биле хранети со храна со адитиви и масти наменети за производство на лубриканти, технички масла, биогорива и сл. Консумирањето на такво месо го зголемува ризикот од рак на простата, рак на белите дробови и леукемија, пренесува Wirtualna Polska.

Во јануари годинава беше покрената голема истрага, а има и уапсени кои фалсификувале документи.

Истрагите откриле дека компанија од Познањ, која е специјализирана за продажба на масти, увезувала во Полска технички масни киселини кои вообичаено се користат во хемиската и детергентската индустрија. Стоката била увезена од Русија, Украина, Малезија и Романија. Полската компанија ги фалсификувала сертификатите и ги продавала овие масти како производ што може да се користи во производството на храна. Се чини дека целиот бизнис започнал уште во 2017 година, а таа компанија забележала приходи од продажба на масти од 90 милиони злоти, односно скоро 19 милиони евра.

Во истрагата било утврдено дека увезените производи содржат големи количества пестициди кои освен тумори предизвикуваат и оштетување на нервниот систем. Со долготрајно консумирање на месото од живината која се храни со загадени технички масти, се зголемува ризикот од деменција, Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

Значи, оваа маст ја продавале производители на добиточна храна и во никој случај не ги исполнувала стандардите. По извршена полициска проверка, констатирано е дека на увезените масти нема јасно означување дека тие не се за производство на храна.

По „тестирањето“ во лабораторија, компаниите за технички масти добивале лажни сертификати дека може да се користат за исхрана на добитокот. Ги мешале со вистински масти за прехрана и им ги продавале на производителите на храна по поволни цени.

Истрагата се уште е во тек

Обвинителството и Државниот истражен завод одбиле да дадат информации со образложение дека постапката е во тек.

„Истрагата се спроведува во компанија која припаѓа на германска капитална групација која доставувала компоненти за производство на добиточна храна на голем број производители во Европа“, изјавил Дариуш Гошчињски, генерален директор на Националниот совет за живина.

Засега не е познато кои живинарски фарми добиле добиточна храна загадена со масти за производство на лубриканти. Во 2021 година, приходите на четирите најголеми компании што ги посетила полицијата изнесувале приближно 15 милијарди полски злоти или 3,10 милијарди евра. Тестовите на фалсификуваните масла треба да се достават до обвинителството и до Главниот ветеринарен инспекторат.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:живинаживинарски секторскандал полска
Претходен напис Николовски: Малите семејни винарии од Асоцијацијата на Вина од Македонија заеднички ќе настапуваат на извозните пазари
Следен напис Следната недела антикризни мерки за граѓаните и компаниите, апел за одговорно однесување кон енергенсите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?