Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на нафтата пораснаа до 94 долари, ОПЕК+ го намалува производството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цените на нафтата пораснаа до 94 долари, ОПЕК+ го намалува производството
Агровести

Цените на нафтата пораснаа до 94 долари, ОПЕК+ го намалува производството

Објавено 06/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на нафтата вчера пораснаа на меѓународните пазари до 94 долари, откако ОПЕК и неговите сојузници одлучија да го намалат производството најмногу од почетокот на пандемијата и покрај противењето на САД.

На лондонскиот пазар цената за барел попладнето беше повисока за 1,77 долари отколку на вчерашното затворање и изнесуваше 93,57 долари. На американскиот пазар се тргуваше по 1,49 долари повисока цена, од 88,01 долари.

Трговците нестрпливо го чекаа состанокот на Организацијата на земји извознички на нафта и нејзините сојузници во Виена, каде се одлучуваше за политиката на производство.

Заедничкиот министерски одбор за мониторинг договори од ноември, производството да се намали за два милиона барели дневно во однос на референтната вредност, изјавија три извори во ОПЕК+.

Тоа значи дека намалувањето сепак ќе биде поскромно бидејќи групата во август не го достигна зацртаното ниво на производство од околу 3,6 милиони барели дневно.

Не е јасно дали бројот вклучува и евентуално доброволно намалување на производството во некои членки на групата.

Според некои аналитичари, ОПЕК+ со тоа всушност само официјално го потврдува и така намалениот обем на производство изминатите месеци.

– Вистинските последици на намаленото производство ќе бидат поблаги бидејќи некои членки не успеваат да ги реализираат производните квоти, смета Фиона Цинкота од Сити Индекс.

ОПЕК+ денеска ја отфрли сугестијата на Вашингтон дека не го намалува значително производството, според неименуван извор. На претседателот Џо Бајден не му одговара раст на цените на бензинот во време на избори за Конгресот што ќе се одржат на 8 ноември.

Цела година Бајден се обидуваше да ги намали цените на бензинот, што по „скокот“ во март се на надолна траекторија, а неговиот кабинет го претстави тоа како големо достигнување.

САД мора да бидат помалку зависни од нафтата на ОПЕК+ и останатите странски производители на нафта, истакна портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, по состанокот на групата.

Одвоено, ОПЕК објави дека барел нафтена кошница на неговите членки вчера поскапел за 1,45 долари, на 92,13 долари.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дизелнафта
Претходен напис Денеска сончево со мала до умерена облачност, наредните денови ниски утрински температури
Следен напис Утрово најстудено во Берово, измерени се минус два степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?