Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ОН бараат глобално намалување на цените на ѓубривата – проблематичен рускиот амонијак
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ОН бараат глобално намалување на цените на ѓубривата – проблематичен рускиот амонијак
Агровести

ОН бараат глобално намалување на цените на ѓубривата – проблематичен рускиот амонијак

Објавено 05/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Обединетите нации се залагаат за намалување на цените на ѓубривата за да се избегне „идна криза“ во достапноста на стоката, изјави висок функционер на ОН, организацијата што е вклучена во преговорите насочени кон зголемување на извозот на руски ѓубрива, вклучително и амонијак, пишува Ројтерс.

Тие повторуваат дека војната во Украина ја поттикна глобалната прехранбена криза и скокот на цените на овие производи.

„За да спречиме идна криза, мораме да ги намалиме цените на ѓубривата“, изјави за новинарите во Женева генералната секретарка на Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД), Ребека Гринспан.

Русија е еден од најголемите светски добавувачи на поташа, фосфатни и азотни ѓубрива и произведува 13 отсто од вкупната глобална количина. Извозот на овие стоки од таа земја падна за седум отсто во првата половина на 2022 година.

Иако со договорот за коридорот за житарки преку Црното Море, постигнат на 22 јули, е договорено да се рестартираат испораките на земјоделски производи од Русија, таа земја го критикува документот, жалејќи се дека нејзиниот извоз сè уште е отежнат.

Имено, договорот вклучувал амонијак – клучна состојка во азотното ѓубриво. Цевководот што го транспортирал од рускиот регион Волга до црноморското пристаниште Пивденњи во Украина беше затворен кога Русија ја нападна Украина на 24 февруари. ОН се обидуваат да посредуваат во рестартирање на тој извоз.

Но, во меѓувреме, Русија почна да ги анектира украинските региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје по таканаречениот референдум, кој Киев и западните влади го осудија како незаконски и присилен.

Гринспан одби да ги коментира преговорите за амонијак, опишувајќи ја ситуацијата за Ројтерс како „премногу чувствителна“.

„Мораме тоа да го коригираме и да ги намалиме цените“, заклучи таа.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:азотно ѓубривоамонијакОбединети нациипоташа
Претходен напис За фотоволтаици на земја да се внимава на имотно-правните односи и на урбанизацијата, порача Бочварски
Следен напис Нов јавен повик до 320.000 евра: Какви проекти финансира Фондот за иновации
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?