Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Финансиска поддршка до 29 апликанти за набавка на опрема за производство на тутун
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > МЗШВ: Финансиска поддршка до 29 апликанти за набавка на опрема за производство на тутун
СубвенцииФондови

МЗШВ: Финансиска поддршка до 29 апликанти за набавка на опрема за производство на тутун

Објавено 04/10/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека вкупно 29 апликанти ќе ја искористат мерката за финансиска поддршка во набавка на опрема за производство на тутун.

Поддршката кон земјоделците доаѓа преку Програмата за рурален развој мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерката 121.7 набавка на опрема за производство на тутун. За оваа мерка во текот на месец април од страна на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој беше распишан јавен повик, кој траеше до 20 мај 2022 година.

Како корисници на оваа мерка се јавуваат земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно законот за земјоделство и рурален развој.

Средствата од оваа мерка се наменети за инвестиции во набавка на опрема за производство на тутун, а максималниот износ на финасиската поддршка по корисник изнесува 4.500.000 денари.

Преку Програмата за рурален развој даваме поддршка на земјоделците во набавка на опрема и модернизација на земјоделството. Покрај овој јавен повик преку оваа програма обезбедивме поддршка за земјдоелците во набавка на трактори, мандри, специјализирани комјабни за ориз и сушари, како и поддршка за изградба на силоси каде веќе склучивме 24 договори.

Може да ви се допадне

Еве кои земјоделци до 15 мај треба да поднесат барања за субвенции за 2026!
Исплатени 1 060 218 денари за оризова арпа од интервентен фонд
АФПЗРР: Исплатени 3 313 888 денари за складирање на пченица
МЗШВ: Исплатени се близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци
Денеска се ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИТЕ за ОВЦИ за 2025 година
Таг:29 апликантимерка 121програма за рурален развој
Претходен напис Африканска свинска чума во одгледувалишта во три кумановски села
Следен напис Во Кавадарци започна распределбата на картичките за зелена нафта
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?