Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: По четири дена неделно на фарма, така се учи земјоделство во Швајцарија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > По четири дена неделно на фарма, така се учи земјоделство во Швајцарија
Агровести

По четири дена неделно на фарма, така се учи земјоделство во Швајцарија

Објавено 25/09/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Само еден или 1,5 ден теорија, сè останато пракса. Престој и работа директно на фарма, понекогаш континуирано и по две недели. Одгледување животни и растителни култури, садење, кроење, орање, копање, жнеење, молзење, правење сирење или вино, управување со механизација,… Вака се учи земјоделство во Швајцарија ако по основното школо одберете тригодишно стручно образование.

Професијата е атрактивна и годишно привлекува по околу 1 000 млади луѓе.

-Секоја година по 1 000 млади луѓе во нашата земја го почнуваат стручното земјоделско образование. Тоа е, помалку или повеќе, бројот што ни треба. Земјоделството е атрактивна професија кај нас, иако подразбира посветеност, многу работа и плати кои не се исти со оние на канцелариските струки. Многу млади се заинтересирани да изучуваат земјоделство зашто вистински сакаат природа, животни. И не се откажуваат иако знаат дека тоа значи станување рано, останување доцна во ноќта – едноставно се свесни дека произведуваат храна, а тоа е многу важна, значајна мисија, вели Петра Зигарт од швајцарската Асоцијација на фармери.

На Швајцарија, нагласува Зигарт, и се потребни земјоделци – професионалци кои ќе знаат да управуваат со фармите.

-Затоа е неопходно да привлечеме што поголем број млади луѓе во оваа професија. Правиме се за да има доволно и тие да добијат најдобро можно образование. Работиме на тоа. Всушност деца на 15 – 16 години почнуваат со стручно образование за земјоделство кое, меѓу другото, може да се изведува и на курсеви или во тренинг центри. Тоа подразбира многу пракса, директно на фарма. Сите на крајот знаат горе-долу исто и стекнуваат федерална диплома, напоменува Зигарт.

Учениците, објаснува, обично престојуваат на различни фарми за да ги научат спецификите на производство – некои фарми се само со крави и произведуваат млеко, други се специјализирани за растително производство, некои се планински, други низински, трети висински,…

-Освен овој сегмент, карактеристиките на фармите, важни ни се и јазиците – сакаме младите да научат барем два од трите јазика кои се зборуваат во државава, дополнува Зигарт.

Земјоделското дуално (стручно) образование во Швајцарија посебно внимание посветува и на руралните жени. И тие можат, ако сакаат, да минат низ овој процес. Така стекнуваат диплома и „фактичка професија“. Учат како да ги манаџираат домаќинствата, но не само од финансиски аспект, туку и во однос на готвење, чистење, перење,…

-Кај нас има големи домаќинства не од по три до пет луѓе, туку со цели генерации семејства. Жените обично се грижат за работата во домот, но и на фармата. Тоа отсекогаш го правеле, но немале диплома, никаква „хартија“. Сега не е така, нагласува Зигарт.

Швајцарското стручното образование во земјоделството е партнерски организирано и поддржано од конфедерацијата, кантоните и професионалните организации. Конфедерацијата е одговорна за законодавството, за менаџирање и развој, кантоните тоа го имплементираат и вршат супервизија, додека професионалните организации ги креираат едукативната содржина и местата за обука (тренинг).

Секој кантон има свои земјоделски школи и сам одлучува како ќе ја менаџира образовната програма, а главни тренинг-центри се фармите.

-Треба да се храни светот, треба да ја нахраниме Швајцарија и ние токму тоа го правиме – произведуваме храна, подвлекува Зигарт.

Со Зигарт имавме можност да поразговараме на саемот „SwissSkills 2022“ во Берн. Неизбежно беше и прашањето за глобалната криза со храната. Нејзиниот став, како експерт за земјоделство, е дека храна во светот има доволно за сите, но клучен проблем е дистрибуцијата. Посебно сериозно прашање, додаде, е и фрлањето храна.

Додека ни го објаснуваше швајцарскиот стручен модел на образование, млади се обидуваа да возат трактор, да молзат крави, да дестилираат вино,…

-Може да видите крави, вистински растенија, механизација. Имаме се за да им покажеме на младите како изгледа една фарма и што сè работиме. Може да се качите и да повозите трактор или некоја друга машина што е многу значајно за нашата професија, рече Зигарт.

Факултетот за земјоделство во Швајцарија е пет години и порано имал најмалку шест месеци пракса. Денес, повеќето со факултетски дипломи, како што вели Зигарт, работат во администрација.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:владаобразованиеученицифарма
Претходен напис МЗШВ ја демантира изјавата во врска со хакерскиот напад и наводно „исчезнати“ документи
Следен напис МЗШВ: Активно се работи за подигнување на електронскиот систем, базата на Министерството е сигурна и етапно се враќа во функција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?