Благодарницата која Источно европската асоцијација за осигурување ја додели на СН Осигурителен Брокер АД Битола за посебна улога во формирањето на асоцијацијата, за нас е уште една потврда за континуираните напори посветени на унапредување на квалитетот на осигурителната понуда за нашите клиенти. Меѓународната размена на искуства и позитивни практики имaат особено значење во подигнувањето на стандардите во секторот на осигурувањето.

Чест и задоволство ни беше да учествуваме на конференцијата од областа на осигурувањето во организација на Факултетот за туризам и угостителство Охрид и Eastern European Risk and Insurance Association, во присуство на истакнати професионалци во оваа област од Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, Германија и Австрија.
СН Осигурителен Брокер
