Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бектеши: Ограничени маржи на основните прехранбени производи до крајот на годината
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бектеши: Ограничени маржи на основните прехранбени производи до крајот на годината
Агровести

Бектеши: Ограничени маржи на основните прехранбени производи до крајот на годината

Објавено 20/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владината одлука за ограничување на маржите на основните прехранбени производи во трговијата на мало и на големо, што истекува на 30-ти месецов, ќе биде продолжена до крајот на годината, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Секторот за трговија во Министерството, како што информираше, веќе прави анализа за нивниот ефект и потребата од редизајнирање.

-Веќе донесовме одлука како Влада да се ослободи увозот на сурово млеко од Турција и од други држави каде што има поголеми капацитети за увоз на сурово млеко што се преработува во нашата држава и после се продава како финален производ. Тие мерки коишто имаат рок до крајот на септември ќе бидат продолжени до крајот на годината од страна на Министерството за економија во делот на одредување на маржи. Веќе се прави анализа во Секторот за трговија какво влијание имале мерките и дали треба нивно редизајнирање. Ќе разговараме дополнително во текот на оваа и наредната недела со Стопанската комора за нивни дополнителни барања и можностите со кои ние располагаме во моментов и можеме да излеземе во пресрет, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање по средбата во ИЗВ каде побара поддршка за почитување на мерките за штедење струја оради енергетската криза.

Владата на 14 јуни донесе Одлука за замрзнување на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на мало и на големо со важност до 30 месецов. Според одлуката маржата за бел леб, шеќер и сончогледово масло е пет отсто во трговијата на големо и на мало, а за јајца, брашно, макарони и шпагети од тврда пченица, бел ориз и млеко 10 отсто.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бектешимаржа
Претходен напис По студеното утро, нè очекува сончев ден со мала до умерена облачност
Следен напис Министерот Николовски ќе учествува на Меѓународниот саем за земјоделство „Интерагро 2022“ во Бјељина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?