Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Годинава двојно зголемено производството на сончоглед за масло за јадење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Годинава двојно зголемено производството на сончоглед за масло за јадење
Агровести

Годинава двојно зголемено производството на сончоглед за масло за јадење

Објавено 12/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Годинава двојно е зголемено производството на сончоглед како суровина за производство на масло за јадење, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Голем придонес за ова, според министерот, е успешната политика на субвенционирање на земјоделците, која беше воведена по енормното поскапување на зејтинот во маркетите.

-Политиките кои се воведоа на почетокот на годината во делот на сончогледот се и еден од примерите и фундаменти токму нa овој концепт што денеска го зборуваме, каде што субвенциите по површина сончоглед, вкупните субвенции, фармерите, производителите може да ги добијат доколку го предадат кај регистрирани преработувачи. Целта е да финансираме сончоглед кој ќе служи како суровина за масло зa јадење, а ќе ги користиме и капацитетите на нашите домашни преработувачи кои имаат капацитет и кои увезуваат, рече Николовски по денешниот брифинг, во одговор на новинарско прашање.

Како што рече, станува збор, за двојно зголемено производство – околу 6.000 хектари се површините со пролетната сеидба со која што се опфатени.

-Голем број добија. Сите аплицираа за поддршка за вештачко ѓубриво од 30 проценти, и очекуваме над 10. 000 тони сончоглед, што значи удвојување на производството само за краток период и покривање на две месечни потреби на државата од увозот на сончоглед којшто го имаме, додаде Николовски, пренесе МИА.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Николовскисончоглед
Претходен напис Од полноќ се намалуваат цените на сите нафтени деривати
Следен напис Напуштено приватно земјиште ќе се дава под наем
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?