Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Оризопроизводителите привремено ја прекинаа блокадата на патиштата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Оризопроизводителите привремено ја прекинаа блокадата на патиштата
Агровести

Оризопроизводителите привремено ја прекинаа блокадата на патиштата

Објавено 12/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По вчерашната блокада на магистралниот пат Кочани – Штип, оризопроизводителите кои протестираа против ниските откупни цени и високите трошоци за производство, привремено ја отстранија земјоделската механизација.

-Иако беше најавено дека блокирањето на сообраќајот ќе трае повеќе денови, тракторите и механизацијата се повлечени, но протестот не е прекинат. Ќе трае сè до исполнување на нашите барања за откупна цена од минимум 40 денари за килограм арпа. За секоја блокада на патиштата имаме обврска однапред да ја известиме полицијата, така што ќе дејствуваме според законските одредби, а се договараме за натамошните активности. Во меѓувреме испративме уште едно писмено барање за средба со ресорниот министер, но немаме никаков одговор. Сметаме дека сите проблеми се решаваат со разговори и договори, а ние само така можеме да ја постигнеме нашата цел, истакна Здравко Арсов, оризопроизводител од Облешево.

Членови на Здружението на оризопроизводители „Бело злато“ од Кочани подготвиле трошковник за производството на арпа за оваа година, според кој минималната сума што треба да се издвои за подготовка, сеидба и жетва на еден декар изнесува околу 12 илјади денари.

-Пресметката со трошковникот денеска ќе ја доставиме до Министерството за земјоделство, а во неа се наведени просечни количини и актуелни цени на нафтата што е потребна за подготовка на единица површина оризова нива, потоа трошоците за набавка на семе, ѓубрење и заштита на оризовото растение, за воден надоместок, како и за жетва. Иако неофицијално, имаме сознанија дека се планира минималната откупна цена да биде од 30 до 32 денари за килограм арпа, во зависност од сортата, да останат редовните субвенции за засеана единица површина, а со мерката за „зелена нафта“ да има стопроцентно покривање на трошокот за набавка на гориво, истакна Зоран Борисов од здружението „Бело злато“.

Со оглед што за еден месец треба да почне жетвата на новата реколта на оризот, земјоделците очекуваат навреме да се најде решение за откупната цена за да можат да ги покријат трошоците за производство. 

Извор/МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:блокадатаОризопроизводителитепатиштата
Претходен напис Украинските земјоделци веројатно ќе ја намалат зимската сеидба за 30 отсто
Следен напис Министерот Николовски ги најави клучните промени во моделот на земјоделското субвенционирање
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?