Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Ковачевски: Годинава постигнавме договор за 30% зголемени откупни цени на грозјето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Ковачевски: Годинава постигнавме договор за 30% зголемени откупни цени на грозјето
Агровести

(ВИДЕО) Ковачевски: Годинава постигнавме договор за 30% зголемени откупни цени на грозјето

Објавено 11/09/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Ние сме исклучително среќни што оваа година постигнавме договор со кој што имаме 30% зголемени откупни цени на грозјето“, порача претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, на манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2022″, што се одржува во Кавадарци.

„Ние сме исклучително среќни што оваа година постигнавме договор со кој што имаме 30% зголемени откупни цени на грозјето, тоа беше потврдено и на состанокот кој што го имавме заедно  со винариите и заедно со лозаропроизводителите. Оваа година покрај тоа што откупната цена на смедеревката и на вранецот беше зголемена на 13 и на 19%. Дополнително државата во услови на најголема светска криза издвои дополнителни два денари за секој килограм предадено грозје и дополнително за секој литар извезено грозје уште 2 денари, односно од 2 до 4 денари во просек 3 денари, зависно од амбалажата во која што се извезува. Исто така поддршка на винариите што е исто така директно поддршка и на лозаропроизводителите. 

Тој договор со винариите и со лозаропроизводителите практично овозможи да имаме успех од почеток на бербата, јас посакувам на сите плодот да им биде на високо ниво, а на винариите им посакувам успех во пласманот на виното надвор од државата. Она што радува е што ние сме втор најголем извозник на вино во регионот. Исто така сме еден од најголемите извозници во светски рамки на вино покрај тоа што сме еден од најголемите извозници во европски рамки и квалитетот на виното секоја година е на повисоко ниво. Веќе за 2/3 е зголемен извозот на флаширано вино во однос на наливно вино што беше случај во минатото и тоа само потврдува дека политиките кои што Владата ги спроведува во изминатите 5 години се на бенефит на винариите и на лозаропроизводителите и секако на државата, бидејќи извозот на вино од државата надмина веќе 61 милион евра во текот на изминатата година што е за 19% повеќе од 2020 година. 

Верувам дека со големиот квалитет кој што нашите вина го имаат и што беше потврден од најголемиот европски саем одржан во Белград во организација на Србија, Северна Македонија и Албанија дека ќе претставува уште поголем поттик како за производителите на грозје, за сопствениците и менаџерите на винариите, така и за државата да оваа стратешка гранка ја држи на високо ниво на агендата на Министерството за земјоделство.“

На новинарското прашање поврзано со проблемите за откупот на црното грозје, премиерот одговори:

„Сите отворени прашања и нормално сите предизвици кои се јавуваат како и во секој откуп веќе ги има нотирано Министерството за земјоделие на самиот состанок кој што го имавме со сите, Министерот за земјоделие јасно кажа дека инспекторатот е на располагање на сите лозаропроизводители за да интервенираат во секој случај кој што ќе се појави, во кој што ќе има различно толкување на информациите кои што ги имаат и откупувачите и продавачите на грозје.“

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Изјаваковачевскилозари
Претходен напис Временска прогноза за наредните денови
Следен напис Времето денеска променливо облачно, со температура до 28 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?