Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Васко Ковачевски: Заедно со Владата бараме начин да обезбедиме поевтина струја за стопанството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Васко Ковачевски: Заедно со Владата бараме начин да обезбедиме поевтина струја за стопанството
Агровести

Васко Ковачевски: Заедно со Владата бараме начин да обезбедиме поевтина струја за стопанството

Објавено 05/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски вели дека се бараат начини да се обезбеди поветина струја за стопанството и да им се помогне на компаниите и институциите за полесно да се надмине енергетската криза.

– Во изминатиот период, како држава, правиме интензивни подготовки да го зголемиме производството на електрична енергија. 100-процентно ја произведуваме целата енергија која е потребна за граѓаните и малите потрошувачи, наместо само 60% колку што пропишува законот, се со цел ЕВН Хоме да не мора остатокот да го набавува по берзански цени, бидејќи тоа ќе удри врз домашниот буџет на секој граѓанин, изјави Ковачевски.

Во меѓувреме, посочува првиот човек на АД ЕСМ, заедно со Владата, се бараат начини како да се помогне на стопанството и на институциите, односно да се набават повеќе ресурси: јаглен, мазут и природен гас, за да се вклучат дополнително и дел од останатите капацитети, за таа енергија да се произведе и да се понуди на бизнис секторот и на институциите, со цел да се помогне и на слободниот пазар, каде цените се неколкукратно поголеми од цените на регулираниот пазар, кој ЕСМ го снабдува.

– Ние се подготвуваме за грејната сезона. Премиерот Ковачевски, министерот Крешник Бектеши и јас како претставник на АД ЕСМ, имавме интензивни разговори во рамките на иницијативата Отворен Балкан, со земјите членки Србија, Албанија и Македонија, но и Црна Гора и Босна и Херцеговина кои бараат членство, за тоа како да најдеме начин заеднички да ја изменаџираме и подобриме ситуацијата со производство и снабдување со електрична енергија, вели Ковачевски, пренесува МИА.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:АД ЕСМваско ковачевски
Претходен напис Бербата на грозјето во дел од Европа започна три недели порано, некаде се бере и навечер
Следен напис Од полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?