Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Превентивни активности на СВР Тетово за ловната сезона
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Превентивни активности на СВР Тетово за ловната сезона
Агровести

Превентивни активности на СВР Тетово за ловната сезона

Објавено 03/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Службеници на тетовската полиција од денеска почнаа со одржување средби со претставници на ловечките друштва од полошкиот регион околу потребата од доследно почитување на законските одредби поврзани со ловот на дивечот.

-Секторот за внатрешни работи Тетово почна со првата од десетината планирани средби со ловечките друштва од поширокиот Полошки регион. Полициски службеници на Отсекот за превенција го посетија Ловечкото друштво „Шар Планина“ во Тетово и разговараа со неговите претставници околу новата ловечка сезона, која порано од вообичаено започна на први овој месец.

-Во разговорите посебно им беше укажано на потребата членовите на ова Друштво целосно да ги почитуваат одредбите на Законот за лов и Законот за оружје, а кои посебно се однесуваат на начинот на ловење, ракување и чување на ловечкото оружје, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Според него, претставниците на „Шар Планина“, пак, како приоритетен проблем за решавање пред полициските службеници на СВР Тетово го посочиле излегувањето на лов на поединци без соодветна ловечка дозвола или со наследено оружје од нивни најблиски без да поседуваат дозвола.

-На средбата, исто така, станало збор и за конкретните законски импликации доколку во наредниот период не се почитува важечката регулатива од 350-те членови на ова Друштво, на петте ловишта во негова надлежност, истакна портпаролот. Вакви средби до средината на месецот ќе се одржат и со другите друштва на тетовско-гостиварското подрачје.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:ловечко друштво шар планиналовна сезомнатетово
Претходен напис Манифестација „Млеко 2022“ во Прилеп: Да се знае и вреднува потеклото на храната
Следен напис УХМР: Утре пороен дожд, грмежи, ветер и услови за локално невреме
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?