Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: До 21 септември се продолжува рокот за аплицирање по мерката 3 од ИПАРД 2 програмата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > МЗШВ: До 21 септември се продолжува рокот за аплицирање по мерката 3 од ИПАРД 2 програмата
Фондови

МЗШВ: До 21 септември се продолжува рокот за аплицирање по мерката 3 од ИПАРД 2 програмата

Објавено 03/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува заинтересираните апликанти по мерката 3 од ИПАРД 2 програмата, дека по укажување на Телото за управување со ИПАРД преку одржаните информативни состаноци, за 15 дена се продолжува рокот за аплицирање на јавниот повик за мерката 3 од ИПАРД 2 програмата. Новиот краен рок за аплицирање по оваа мерка сега е 21 септември 2022 година.

Продолжувањето на рокот се врши по барање на заинтересираните апликнти, како би можеле навремено и во целост да ја комплетираат потребната документација за аплицирање по оваа мерка.

Јавниот повик за мерката 3 од ИПАРД 2 програмата се однесува за финансиска поддршка за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Конкретно средства од оваа мерка се наменети за поддршка на проекти кои предвидуваат инвестиции за преработка и производство на млеко и млечни производи, месо и месни производи, овошје и зеленчук, преработка на житарици, производство на мелнички продукти, растителни производи и масла, маснотии од животни како и производство на вино.


За повеќе информации и изготвување на апликации можете да ни пишете на [email protected] или да не контактирате на телефонските броеви:

071 285 385

070 267 789


Исто така со измените вкупната сума на финасиската поддршка за оваа мерка се зголемува од 5.028.568 евра на 5.785.728 евра, однсно 75% средства обезбедени преку ИПАРД програмата и 25% средства обезбедени од буџетот на Република Северна Македонија.

Сите заинтересирани апликанти ќе можат да аплицираат со проекти за набавка на машини и опрема за производство и преработка, како и проекти кои предвидуваат поставување, односно инсталирање на фотонапонски панели за производство на енергија од сопствени потреби. Прифатливи корисници се сите правни лица кои влегуваат во рангот на микро, мали или средни претпријата.

Финансиските средствата по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка, (грант) во износ до 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Република Северна Македонија стана земја лидер во регионот по искористеност на ИПАРД средствата, со висок процент од 97% искрористеност на неповратните средства за поддршка на земјоделството и руралниот развој. Успешноста во реализацијата на овие проекти и успешните земјоделски политики ја потврди и Европската Комисија преку зголемувањето за 62%, односно на  97 милиони евра неповратни средства од Европската Унија за новата ИПАРД 3 програмата.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Трипуновски: Средствата од ИПАРД програмата повторно се достапни!
Министерот Трипуновски оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при ЕК, Елизабет Вернер
За “чистите” ИПАРД апликации што веќе се одобрени и се реализираат, најверојатно ќе излезе во пресрет државата и ќе ги поддржи, изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски
Статус кво по ИПАРД аферата: Компании сѐ уште чекаат исплати
Димитриеска-Кочоска за ИПАРД: Целиот процес на проверки нема да биде брз, но тоа не значи дека ќе трае со месеци
Таг:аплцирањеИпардмерка 3
Претходен напис Лидерски самит и Македонска вечер во рамки на Отворен Балкан во Белград
Следен напис Тиквеш и Камник добитници на Винскиот трофеј Отворен Балкан за автохтони сорти и сортата „оранж” на Првиот меѓународен саем „Винска визија Отврен Балкан”
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?