Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Овоштарите од Пијанец на нов протест, најавени два денари поддршка од Интервентниот фонд
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Овоштарите од Пијанец на нов протест, најавени два денари поддршка од Интервентниот фонд
Агровести

Овоштарите од Пијанец на нов протест, најавени два денари поддршка од Интервентниот фонд

Објавено 27/08/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со блокада на магистралата А3 на влезот на Делчево и сообраќајницата на Регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово, производителите на модра слива од Пијанец продолжија со изразување на незадоволството од слабиот пласман и ниската откупна цена на најзастапената овоштарска култура во делчевско.

– Возачите се револтирани за блокадата, сите си ги бараат своите права, но ние мора заеднички да застанеме кога немаме од државата ништо. Значи за берба бараат 6 денари, а не можеш да извадиш и пет денара за трошоците. Излеговме, ама нема кој да не слушне, протестот треба да продолжи, истакна Богдан Гоцевски производител од Делчево

Славчо Десподов сопственик на овошни насади со модра слива вели дека е голема штета од 25 денари, колку што била цената на сливата пред 5,6 години, сега истата да не може да се продаде за 10 денари.

-Тоа е поради немањето конзистентна политика. Излез е да се отворат преработувачки капацитети и Македонија да не биде зависна од увоз на производи од земји кои не произведуваат и немаат земјоделие. Тоа е решението на подолг рок, а привремено проблемот може да се реши со интервенции со средства од Министерството за земјоделие, вели Десподов.

На новинарско прашање за МИА, кое е мислењето на производителите за најавените грантови од 10 илјади евра за мали фирми и поддршка на локални производи, производителот Атанас Ангеловски вели дека мерката е добра, но прашање е колку ќе стигнат тие пари за дестилерија бидејќи според него потребна е голема инвестиција.

Ангеловски информираше дека досега одржале средба со градоначалникот на Општина Делчево и раководителот на подрачната единица при МЗШВ, кои биле поканети да учествуваат на протестите и да им бидат поддршка на земјоделците.

– Нашата општина има ќар од сливарите и сливата. Во делчевско имаме посадено 532 хектари со слива, тоа се 650 домаќинства, тоа се над 10.600 килограми. За да се собере таа слива по четири дена излегува околу 800.000 евра, а имаме плус има садници и во друга општина што значи дека тие пари од се трошат само за работниците, а и средствата кои ние треба да ги земеме остануваат во Општината, тоа се чувствува и во продавници и кафеани и градежништво, додаде Ангеловски.

Трошоците на земјоделците од Пијанец се исти како и во останатите делови на државата, заради што Ангеловски упати порака Министерството да им излезе во пресрет и да не ги дели, исто како што тоа го прави со производителите на други овошни култури.

Протестот кој беше пријавен до надлежните, наиде на оправдување кај дел од возачите, но не и од начинот на кој овоштарите ги бараат своите права.

– Поддршка секако ќе се даде, но тракторите да ги однесат пред Влада а не овде. Инаку луѓето заслужуваат да им се излезе во пресрет, истакна затекнат возач на влезот на Делчево.

Пратеничката Соња Михаиловска од Делчево, која го проследи протестот, за МИА информираше дека за производителите на модра слива преку Интервентниот фонд на Министерството за земјоделие ќе биде обезбедена парична поддршка од 2 денари. Оваа одлука како што додаде Михаиловска наредната недела ќе биде разгледана како точка, а се очекува производителите на сливи од делчевско парите да ги добијат до Нова година.

Доколку најавеното не се оствари производителите на најзастапената овошна култура во Пијанец најавија блокирање на Меѓународниот пат кон Република Бугарија.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Интервентниот фондОвоштаритеПијанецпротест
Претходен напис Северна Македонија 29 најголем извозник на вино во светот и втора во регионот
Следен напис Малолетник загина во Саса при излетување на трактор од патот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?