Во шпанските кланици ќе мора да се инсталира видео надзор за да се спречи евентуална злоупотреба на животните пред самото колење, мерка која тамошната влада сака да ја воведе.
„Покрај обезбедувањето на благосостојбата на животните при нивното поминување низ кланицата, се подобрува и гаранцијата за безбедност на храната за потрошувачите“, изјави министерот за заштита на потрошувачите Алберто Гарзон, пишува france24.
„Ќе бидеме првата земја во Европската Унија што ќе има задолжителен систем за видео надзор во кланиците“, тврди тој.
Владината портпаролка Изабел Родригез вели дека се е веќе договорено со индустријата. Следниот и последен чекор е одобрување на парламентот.
Гилјермо Морено, извршен директор на „Equalie“, невладина организација која лобираше за реформата, изрази задоволство и ја нарече мерката неопходен и важен прв чекор за подигнување на стандардот на благосостојбата на животните во овие објекти. Тој додаде дека Англија, Шкотска и Израел веќе имаат воведено таква практика.
Според шпанските правила, видеата ќе мора да бидат задржани за подоцна да бидат разгледани од страна на властите.
„Големите кланици имаат една година да го имплементираат новиот стандард“, велат од Министерството.
