Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Дополнителни два денара поддршка за лозарите за предадено грозје во регистрирани капацитети
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Николовски: Дополнителни два денара поддршка за лозарите за предадено грозје во регистрирани капацитети
Субвенции

Николовски: Дополнителни два денара поддршка за лозарите за предадено грозје во регистрирани капацитети

Објавено 26/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дополнителни два денара поддршка ќе добијат лозарите за предадено грозје во регистрирани капацитети, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Ова е договорено, како што рече, на денешната средба со лозарите и претставниците на винарските визби на која присуствуваше и премиерот Димитар Ковачевски.

-Оваа одлука значи дека на историски највисоките откупни цени што се постигнаа, се додаваат плус два денара за секој килограм откупено грозје. Оттука, цената на „смедеревката“ ќе биде 15 денари, а на „вранецот“ 17 денари. Ако на ова се додадат субвенциите од 40 000 денари за одржување на лозовите насади, постигнатата цена на грозјето е 18 за „смедеревка“ и 20 денари за „вранец“, истакна Николовски.

Покрај оваа поддршка, дополни министерот, е воведена и нова мерка за зелена нафта 4 300 денари за хектар. Ова е рекорд и сериозна поддршка на секторот.

Лозарите и винарите искажаа благодарност до Владата за постигнатото решение и договорената поддршка.

-Ова што се случи денеска во Владата е само завршница на она што го догораваме долго време за да ги постигнеме најдобрите решнија. Оваа година е тешка и за лозарите и за винарите, потрошувачката на вино опаѓа, растат цените на репроматеријалите и се создава дисбаланс. Сепак, искажувам голема благодарност што се најде компромис меѓу лозарите и винарите од една страна и МЗШВ од друга. Залихите се големи и тешка ќе биде борбата за пласман на европските и светскиот пазар. Но, ваква состојба имаше и во 2009 година, па очекуваме дека ќе се избориме за поголемо производство, палсман и повиски цени, рече претставникот на винарите, Ристе Љуботенски.

Според лозарот Трајче Кулев, производителите очекувале поголема поддршка, но сепак, задоволни се и со овие два денара.

-Не е ова очекуваната цена за „вранецот“ и „смедеревката“, но задоволни сме зашто се најде решние за помош на лозарите со дополнителните два денара. Со тоа ќе ја ублажиме нашата мака. Со 15 денари за „смедервка“ и 17 за „вранец“ ќе се ублажи ударот. За дополнителните два денара поддршка се издвојуваат четири милиони евра од Буџетот што не е мала сума, рече Кулев

Може да ви се допадне

Директорот на Царина Николовски: Со месеци работиме на истрага за акцизна стока – нешто на што досега било незамисливо да се работи
Еве кои земјоделци до 15 мај треба да поднесат барања за субвенции за 2026!
Исплатени 1 060 218 денари за оризова арпа од интервентен фонд
АФПЗРР: Исплатени 3 313 888 денари за складирање на пченица
МЗШВ: Исплатени се близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци
Таг:лозариНиколовски
Претходен напис Од пазарот се повлекува небезбедна серија на органски сок од брендот ХИПП
Следен напис Камери во кланиците: Шпанија воведува нова мерка во месната индустрија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?