Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најмногу дожд наврна во Охрид, 40 литри на метар квадратен, попладне и вечер повторно нестабилно со пороен дожд и грмежи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Најмногу дожд наврна во Охрид, 40 литри на метар квадратен, попладне и вечер повторно нестабилно со пороен дожд и грмежи
Агропрогноза

Најмногу дожд наврна во Охрид, 40 литри на метар квадратен, попладне и вечер повторно нестабилно со пороен дожд и грмежи

Објавено 24/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Охрид 40 литри на метар квадратен, во Маврово 17, на Попова Шапка 16, Крива Палнка 14, во Гевгелија 10, а осум во Дојран.

Според прогнозата на УХМР, времето и денеска ќе биде променливо облачно, на места со слаба нестабилност проследена со врнежи од дожд. Рано утрово нестабилно со дожд и грмежи беше во Гевгелиско.

Претпладне со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, во вечерните и ноќните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени. УВ=6

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Доцна попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Mаксималната температура ќе достигне 28 степени.

И утре ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места во попладневните и вечерните часови со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура, а попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:дождневремеохрид
Претходен напис Земјоделци од Кумановско ќе продаваат само на една локација на зелениот пазар
Следен напис Кризна состојба во енергетиката ќе биде прогласена утре, од 1 септември стапуваат во сила мерките за штедење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?