Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Влада: Расте откупната цена на грозјето, годинава за 30% повисоки цени за вранецот и смедеревката
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Влада: Расте откупната цена на грозјето, годинава за 30% повисоки цени за вранецот и смедеревката
Агровести

Влада: Расте откупната цена на грозјето, годинава за 30% повисоки цени за вранецот и смедеревката

Објавено 23/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупната цена на грозјето годинава бележи најголем пораст од 30 отсто. Оваа година грозјето од сортата смедеревка ќе се откупува по 13 денари за килограм, а откупната цена на вранецот ќе биде 15 денари за килограм, што е за 3 денари повеќе во споредба со ланските откупни цени на грозјето.

Зголемувањето на откупната цена на грозјето е резултат на договорот постигнат по исцрпните консултации на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со винариите и лозарите.

Лозарството како извозно ориентирана гранка добива сериозна поддршка преку низа мерки креирани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која не изостана и во услови на светската криза предизвикана од војната во Украина.

Преку мерката за одржување на постоечки површини со лозови насади лозарите добиваат субвенција од 40.000 денари по хектар, односно 48.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектари до максимум 10 хектари.

Со цел да имаат одржливо производство и помали трошоци, лозарите добиваат поддршка и во субвенционирање за зелена нафта која достигна и до 100%, а во услови на криза поддршка е обезбедена и преку интервентните мерки.

И во услови на здравствената криза предизвикана од ковид вирусот, во 2020 и 2021 година преку повеќе мерки беа исплатени вкупно 649 милиони денари за помош на лозарите. Поддршка се обезбеди и за винариите во вредност од 67,6 милиони денари преку мерки со кои се помогна транспортот при извозот на вино.

Овие мерки даваат позитивни резултати во развојот на лозарството и винарството. Домашното просечно производство на грозје е стабилизирано на околу 270 илјади тони на годишно ниво. Додека просечното годишно производство на вино е околу 100 милиони литри.

Веќе трета година по ред извозот на вино бележи пораст, и во количина и во вредност.

Паралелно се зголемува и бројот на винарски визби, кој заклучно со август 2022 година е 139, со вкупен капацитет од околу 200 милиони литри. Со тоа, вкупниот капацитет за преработка на грозје во вино е речиси два пати поголем од годишното производство на вино. Се овозможи финансиска поддршка до 10.000 евра за малите семејни винарии за набавка на опрема за производство, мерка која предизвика голем интерес.

Поддршката на оваа земјоделска гранка од страна на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува и во следниот период, како стратешки сектор чиј извоз позитивно влијае во јакнење на домашната економија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Вранецгрозјеоткупна цена
Претходен напис Русија го редуцира извозот на минерални ѓубрива за 7,2%
Следен напис Водостојот на Вардар зголемен кај Јегуновце, Скопје и Демир Капија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?