Оваа година ќе биде запаметена по земјоделските протести низ Европа. На почетокот на неделава, во понеделникот, во Бон, Германија, се протестираше против политиката за заштита на растенијата што ја најави Европската Унија.
Тој ден, неколку стотици земјоделци се собраа пред Сојузното министерство за земјоделство, пренесува Агрархеуте. Тие велат дека стравуваат за нивните фарми доколку Европската комисија го спроведе предлогот за намалување на употребата на хемиски средства во заштитата на растенијата за 50 отсто или во Германија за дури 55 отсто до 2030 година.
German farmers demonstrated in Bonn yesterday. 🔥🔥 pic.twitter.com/96c7nEt95j
— We Are Protestors (@WeAreProtestors) August 16, 2022
Она што најмногу ги лути земјоделците е целосната забрана за користење на овие средства во заштитените подрачја.
Предлогот, се чини, е толку радикален дури и за Сојузното Министерство за земјоделство, кое е предводено од Зелените (Die Grüner). На страната на земјоделците застана и државната секретарка Силвија Бендер, која смета дека заштитените подрачја треба да бидат исклучени од списокот на оние каде што ќе биде забранета употребата на хемиски пестициди.
Освен германските, не мируваат ниту полските земјоделци. Во водечката организација што ги здружува, Агроунија, моментално се зафатени со проектот Centralny Port Komunikacyjny – CPK. Станува збор за централниот аеродром кој би го заменил тој во Варшава, што е мегапроект на нивната влада, кој би загрозил многу земјоделски површини.
Во Холандија годинава беше најбурно кога се во прашање протестите. Засега таму се спроведуваат спорадични, помали и многу помирни акции во однос на оние што се случуваа во изминатите месеци.
Eerder deze maand in Groningen #boerenacties pic.twitter.com/U9NZbBKuwV
— TrendNederland (@TrendNederland) August 15, 2022
