Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна поставувањето на мерни станици за смарт земјоделство во Тиквешкиот Регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Почна поставувањето на мерни станици за смарт земјоделство во Тиквешкиот Регион
Рурален Развој

Почна поставувањето на мерни станици за смарт земјоделство во Тиквешкиот Регион

Објавено 05/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почна посоставувањето на мерни станици за смарт земјоделство во општините Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија. Вкупната вредност на проектот е 10 милиони денари.

Вакви мерни станици ќе има на 18 локации во Тиквешкиот Регион, а денеска беше поставена првата – во Кавадарци.

Фото/Facebook

-Земјоделските производители ќе добиваат податоци од електронскиот мониторинг за атмосферските влијанија врз земјоделските површини, а со тоа можност за точно утврден период на потребата од заштита. Со поставувањето на овие мерни станици ќе се овозможи електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површини, на лозово – овоштарските насади.

Фото/Facebook

Мерните станици ќе даваат важни информации за влажност на воздухот, сончеви денови во годината, количество на врнежи, степенот на температурни осцилации, како и ред други податоци што ќе се акумулираат електронски со посебен софтвер, со што значително ќе може да се придонесе кон намален трошок за третирање на самите лозови насади со пестициди, а во исто време и зголемен принос со значително зајакнет квалитет на производите, велат од Општината, пренесува МИА.

Фото/Facebook

Вредноста на регионалниот проект е 10.000.000 денари со вклучен ДДВ од кои 9.000.000 се обезбедени од Бирото за регинален развој преку Вардарско-планскиот регион, додека останатите 1.000.000 се од општините Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ продолжува во Росоман
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:Росомансмарт земјоделство
Претходен напис РБСМ во првата половина од 2022 година со позитивни резултати, и со поддршка на компаниите во услови на економска и енергетска криза
Следен напис Македонија ја развива првата Национална стратегија за безбедност на храна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?