Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Храна ќе има, не се очекуваат проблеми со увозот, можни нови поскапувања
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Храна ќе има, не се очекуваат проблеми со увозот, можни нови поскапувања
Агровести

Храна ќе има, не се очекуваат проблеми со увозот, можни нови поскапувања

Објавено 03/08/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кризата со храната во светски рамки станува се поактуелна. Состојбата е загрижувачка, а последиците, велат експертите, допрва ќе се чувствуваат. Руско-украинскиот конфликт дополнително го наруши глобалното снабдување кое веќе беше загрозено од климатските промени и корона-пандемијата. Колку земјава успева да се справи со ваквите „закани“ и како го менаџира ударот? Кој е резултатот од досегашните мерки за заштита на граѓаните и стопанството, се интензивира ли домашното земјоделско производство и кои култури се „најкритични“ ?

Надлежните уверуваат дека храна ќе има. И науката смета дека со недостиг нема да се соочиме, но предупредува на внимателност околу цените на одредени производи. Според земјоделците, може да се справиме со предизвиците и да обезбедиме сопствена храна само доколку политиките, мерките и субвенциите бидат креирани во насока на јакнење на вистинските производители, оние чија основна дејност е земјоделството.

Бизнисот, пак, е дециден, дека ќе бидеме погодени од глобалниот недостиг, но колку, не може точно да се каже зашто зависи од тоа што ќе се преземе за да се намалат несаканите ефекти.

-Актуелната состојба секако загрижува, но моето мислење е дека кај нас сепак нема да се случи недостиг од храна. Она што не погодува и на што треба да сме внимателни е цената на одредени земјоделско-прехранбени производи кои ние не ги произведуваме во доволни количини и кои се од увоз, а сведоци сме дека цените сериозно пораснаа. Увозно сме зависни за одредени производи, но за жал тоа се основните прехранбени производи, пред се пченицата (брашното), маслото за јадење, месото (пилешко и говедско), млекото,… Она што е за нас како држава позитивно во оваа криза, предизвикана пред се од руско-украинскиот конфликт, е што не сме увозно зависни од овие дестинации. Главно ги увезуваме овие производи на регионалниот пазар, пред се од Србија, Хрватска, Бугарија, Унгарија, вели за МИА професорот Драги Димитриевски од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Димитриевски нагласува дека земјоделското производство бележи опаѓање, а и приносите се ниски.

-Имаме производство кое, за жал, во последниве години опаѓа, а пред се се намалуваат обработливите површини и не само за културите кои ги наведов претходно, туку се намалува и бројот на добитокот. Се ова е резултат на комбинација од повеќе фактори, но најсериозен е депопулацијата, односно заминувањето на младите од руралните средини и напуштањето на производните капацитети. Во однос на приносите, немаме позначајни промени и главно тие се ниски, објаснува професорот. Тој не очекува нарушувања и проблеми во однос на увозот.

-Сметам дека пазарот ќе функционира и дека нема да дојде до таква радикализација, да се доведеме во ситуација да нема од каде да увеземе иако тоа, секако, пред се ќе зависи од одлуките на државите од каде што увезуваме. И земјите што имаат големо производство на овие производи треба да го пласираат тоа производство за да не се доведат во состојба нивните производители да бидат оставени без доход, да не можат да го продадат произведеното. Се работи за производство со ограничен период на користење, кое мора да се пласира, подвлекува Димитриевски. Професорот укажува и дека за вакви кризи, јасни се препораките на науката – домашното производство сериозно да се поддржува и промовира.

-Во вакви услови се согледува значењето на домашното производство кое треба сериозно да се поддржува и промовира, а науката да го прати производството и таа да се поддржува. Тоа и на студентите им го предавам, дека основна причина за постоење на земјоделските политики е обезбедување храна за населението на државата. Оттука, сите мерки за поддршка на земјоделството треба да се насочат кон користењето на сите производни капацитети, зголемување на продуктивноста во производството преку воведување современи технологии, користење на современите технички достигнувања, што, пак, може да се постигне само со користење на науката, односно на целиот научен потенцијал на државата, потенцира Димитриевски.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:димитриевскиизвозпоскапувањахрана
Претходен напис Времето денеска сончево со мала облачност и температури до 37 степени
Следен напис НФФ: Земјава ќе биде погодена од глобалниот недостиг на храна, но колкава ќе биде димензијата, не може точно да се каже
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?