Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски уверува дека нема да има криза за храна и основни прехранбени продукти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски уверува дека нема да има криза за храна и основни прехранбени продукти
Агровести

Николовски уверува дека нема да има криза за храна и основни прехранбени продукти

Објавено 30/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Криза за храна и основни прехранбени продукти нема да има, уверува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во интервју за Телма.

– Храна ќе има. Заедно со проектите кои што ги имаме со Светска банка, со Германската развојна банка за модернизација на земјоделството сметам дека доаѓа еден период на големи капитални инвестиции на реформа во секторот, но и на враќањето на довербата заради тоа што македонската економија треба и може да се потпре токму на производството на храна и на земјоделството.

Пред се, во вакви кризни времиња ја праќаме пораката до трговците и со сите засегнати одржуваме состаноци и средби, секој треба да мисли да се однесува морално и етички затоа што со парите на граѓаните сега поддржуваме мерки и политики и затоа е целта првин да се задоволат домашните потреби, рече Николовски.

Министерот смета дека ќе дадат резултати, како што рече, различните мерки за ѓубриво, за зелена нафта, земја за поддршка на земјоделците.

– Со поддршката на земјоделците за отежнатите услови или зголемените трошоци што ги имаат бидат компензирани од државата преку различен тип на мерки за ѓубриво, за зелена нафта, земја, дополнителна мотивирачка субвенција за сите оние што ќе остварат принос од 5.760 денари и развојни мерки сметам дека ќе дадат резултат заедно со ИПАРД кој што го почнуваме сега од кој заради успешните политики добиваме 62 проценти зголемен буџет, во ИПАРД 2 имаме 60 милиони европски пари а сега ќе имаме 97 милиони евра. Добивме одлука од Европската комисија. На крајот на годината очекуваме првиот повик во износ од 35 милиони евра за сите мерки да биде распишан, рече Николовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Донација од Италијанските Карабинери во опрема и униформи за Шумската полиција
Следен напис Во тек е повик за Мерка 3 од ИПАРД: Аплицирајте за неповратна финансиска поддршка, (грант) во износ до 50% од вредноста на инвестицијата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?