Владата на Велика Британија воведе нова шема со која им нуди на земјоделците паушална, фискална готовинска исплата за да престанат да се занимаваат со конвенционалното земјоделство, да произведуваат храна и да ја продаваат својата земја, објави Natural News.
Програмата се нарекува „Шема за основно плаќање“, а нејзината цел е да се исполнат агендите на зелената политика. За разлика од холандската влада која сака да спроведе реформи под притисок, во Велика Британија се одлучија за поинаква тактика. Оние кои ќе ги прифатат парите мора или да се пензионираат или да преземат друга работа која владата ќе им ја одобри.
Дали постарите земјоделци се проблемот?
Тие наведуваат дека постарите земјоделци не можат да се прилагодат на новите барања и дека оние кои не сакаат да ги променат земјоделските методи можат да се откажат од производството или да ја продадат својата земја. Новите фармери ќе прифатат алтернативни, еколошки прифатливи техники.
Се тврди дека постарите земјоделци стојат на патот на зелената агенда бидејќи кај нив нема промена и не може да се оди напред. Многумина се во големи долгови и единствениот излез го гледаат во понудата на Владата.
Земјоделството во Велика Британија со години слабее, особено благодарение на епидемијата на ковид-19. Многумина ќе ги загубат своите бизниси поради проблеми со синџирот на снабдување, но и корупција на пазарот и вртоглаво растечката инфлација.
Со постојаното зголемување на цената на горивото, ѓубривата и сите други земјоделски инпути, станува невозможно да се опстане. Земјоделците се принудени да ги напуштат своите фарми и семејните бизниси.
Истражувањето на The Tenant Farmer’s Association of England покажува дека околу 75 отсто од нив се изјасниле дека се заинтересирани да ги земат парите, да го напуштат земјоделството и да ја продадат својата земја.
По овој пат тргнаа и во други држави. Во некои случаи, Холандија нуди да го откупи имотот. Слично е и во Канада и Италија, а слични потези се најавуваат и во други земји.
