Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ​ТИРЗ со поддршка на младински организации за отворање нови можности за работа на младите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ​ТИРЗ со поддршка на младински организации за отворање нови можности за работа на младите
Агровести

​ТИРЗ со поддршка на младински организации за отворање нови можности за работа на младите

Објавено 29/07/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пописот, но и бројни релевантни истражувања покажуваат дека младите од земјава во дури две третини се изјаснуваат дека прва опција за работа им е да се иселат од дома и своето работно место по секоја цена да го најдат во странство.

Со конкретни активности и мерки ТИРЗ ќе го поддржи проектот на повеќе младински организации чија цел е намалување на младинската невработеност и отворање можности за компаниите да инвестираат во развој на соодветните вештини и знаења на вработените.

Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, Јован Деспотовски на средбата со претставниците на Младинскиот сојуз од Крушево и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), повеќе младински организации и претставници на клубот 40 на Стопанската комора изјави дека ваквата соработка и програми ќе придонесат младите да останат во земјава.

„Пописот, но и бројни релевантни истражувања покажуваат дека, младите од земјава во дури две третини се изјаснуваат дека прва опција за работа им е да се иселат од дома и своето работно место по секоја цена да го најдат во странство. Токму поради ова мора брзо и со конкретни мерки да се работи на менување на ваквата свест и да им овозможиме на младите овде, дома да ги развиваат своите вештини кои ќе им донесат високоплатени работни места.“

Деспотовски посочи дека ТИРЗ веќе развива нов концепт #Добра работа чија цел е поттикнување на раст на добро платени работни места во компаниите во зоните преку поддршка на развој на вештини кај младите неопходни за бараните високоплатени професии. Во рамки на овој концепт се развиваат и механизми за поголема мобилност на трудот во националната економија, креирање на единствен и реален пазар на труд и целосно отворање на пазарот на труд кај компаниите во ТИРЗ.

Целта на ТИРЗ е поттикнување на професии и нови работни места со додадена вредност, кои носат повисоки плати за секој вработен, а кои се според потребите на високотехнолошките компании кои работат во Зоните.

На средбата беше договорено ИДУЕП и Младински сојуз да достават и конкретни предлози до ТИРЗ, а потоа да се потпише и меморандум со кој ќе се дефинира меѓусебната соработка. Дирекцијата за ТИРЗ на младинските организации им нуди просторни услови, логистика и друга потребна поддршка со цел уште поуспешно спроведување на проектот „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ кој е финансиран од страна на Европската Унија. Соработката на ТИРЗ со ИДУЕП и Младинскиот сојуз има потенцијал да се прошири и во повеќе слични области, истовремено и со повеќе партнерски организации, надлежни државни институции, стопанските комори, универзитетите и други научни институции.

Проектот „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат вештини денес“ се имплементира од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и има за цел подигање на јавната свест и креирање конкретни препораки за надминување на проблемот со младинска невработеност, детектирање какви младински профили му се потребни на пазарот на труд, но и како компаниите да инвестираат во развој на соодветните вештини и знаења на вработените. Овој проект е субгрантиран од страна на фондацијата „Ана и Владе Дивац“, Младинскиот сојуз и 3 партнерски организации од регионот, а финансиран од Европската Унија.

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Таг:ТИРЗ
Претходен напис Сириски брод кој пренесувал наводно украден украински јачмен и брашно се закотвил во Триполи
Следен напис Викендов нè очекува нестабилно и посвежо време
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?