Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Спасовски и Азески на „Табановце“ во контрола на протокот на стоки во рамки на „Отворен Балкан“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Спасовски и Азески на „Табановце“ во контрола на протокот на стоки во рамки на „Отворен Балкан“
Агровести

Спасовски и Азески на „Табановце“ во контрола на протокот на стоки во рамки на „Отворен Балкан“

Објавено 29/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посетат граничниот премин Табановце во рамките на проектот на Стопанската комора за следење на протокот на стоки на овој граничен, што започна на 1 јули, а ќе трае до 31 август оваа година.

Како што се наведува во соопштението на Комората, како дел од активностите во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ за подобрување на условите за работа на компаниите во регионот и за олеснување на увозот и на извозот на стоки, како и на слободното движење на трудот и на капиталот, со свои вработени е директно присутна на најфреквентниот граничен премин во нашата држава, на којшто само во јуни и во јули во двата правци границата ја поминале вкупно околу еден милион патници.

Во текот на јули вработените во Комората на „Табановце“, како што наведуваат од Комората констатираа: секој ден просечно по 40-ина камиони чекаат на преминот; за товарни возила во функција е само една лента; во екот на летната сезона и лентата за „Отворен Балкан“ е во функција за патничките возила, а камионите се оставени да чекаат; секојдневните прекини во напојувањето со електрична енергија, без можност за автоматско вклучување на агрегатите, ги блокираат системите и дека на граничниот премин во колоната нема услови за одвојување на полните од празните камиони кои непотребно се задржуваат.

На средбата освен претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ќе присуствуваат и директорите на Царинската управа и на Агенцијата за храна и ветеринарство, Славица Кутиров и Николче Бабовски.

Од Комората најавуваат дека Азески и министерот Спасовски, по завршувањето на активностите на „Табановце“, ќе реализираат уште една средба, на која ќе се согледаат можностите за поедноставување на сложената процедура за регулирање на престојот и на работата за странците во Република Северна Македонија. Средбата ќе се случи по констатираните проблеми од компаниите членки во Советот на странски инвеститори во изминатиот период, како и по проблемите поврзани со регулирањето на престојот на странските државјани од определени земји, кои не можат да го регулираат својот престој поради административни пречки, чии причини не се познати, а инвеститорите имаат потреба од нив поради инвестиции, сервисирање опрема и слично.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:отворен балкан
Претходен напис Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и слаб северозападен ветер
Следен напис Цената на барел нафта на светските берзи порасна за повеќе од два долари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?