Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прв меѓународен саем „Винска визија Отворен Балкан“ од 1 до 4 септември во Белград
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прв меѓународен саем „Винска визија Отворен Балкан“ од 1 до 4 септември во Белград
Агровести

Прв меѓународен саем „Винска визија Отворен Балкан“ од 1 до 4 септември во Белград

Објавено 28/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Првиот меѓународен саем за вино ќе го организираат земјите-партнери, основачи на иницијативата Отворен Балкан – Србија, Северна Македонија и Албанија, во Белград од 1 до 4 септември, јави дописникот на МИА од Белград. Овој настан што ќе се одвива на Белградскиот саем ќе биде идеална можност за производителите на вино и винариите од целиот регион да се претстават пред најшироката публика и со тоа да обезбедат уште поголема видливост на пазарот. Исто така, ова е можност за сите изложувачи да се сретнат, да ги споделат своите искуства и да се поврзат со дистрибутери и претставници на комплементарни индустрии.

-Саемот на уникатен начин ќе ги вкрсти винските патишта на Балканот и ќе ги собере најдобрите производители на вино во регионот, а ќе се организира под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија како дел од иницијативата Отворен Балкан, соопштија од Белградскиот саем. Целта на саемот е да се прослави врвната изработка на мајсторите во производството на најдобрите вина и да се промовира единствен спој на вкусови и мириси кои го претставуваат духот на самиот Балкан, неговата географија и богатството на сорти, како и менталитетот на оние кои на посебен начин уживаат во вината од оваа и другите региони. Како што е наведено на веб-страницата на Стопанската комора на Србија (ПКС), осмислена е богата програма која вклучува саемски натпревар Open Balkan Wine Trophy 2022, професионални состаноци од различни формати, мастеркласи, разговори за потенцијалот на винската индустрија на Балканот, можности за зголемено учество на светските пазари, како и B2B состаноци на кои на производителите ќе им се даде можност да го прошират својот бизнис, да воспостават нови и да ги зајакнат постоечките деловни контакти. Како главен град на најдобрите вина за време на овој саем, Белград ќе ги собере најеминентните винари, лозари, мајстори на визби, енолози, сомелиери и трговци со вино, како и изложувачи од најпознатите европски и светски винарии. Ќе има и дистрибутери и трговци на вино од целиот свет. Заедничкиот настап на регионот во извозниот бизнис на „трети пазари“, меѓусебната соработка и инвестициите во нови производствени капацитети дополнително би можеле да ги позиционираат членките на Иницијативата Отворен Балкан на светската мапа на вински турнеи, се наведува на веб-страницата на ПКС. Србија во текот на минатата година 17 отсто од вкупниот извоз на вино го има пласирано на пазарот на ЕУ, а во Русија се извезени 5,5 милиони литри вино, што е 32,5% од вкупната количина на извезено вино. Најголем увоз е забележан од Северна Македонија и земјите од ЕУ, од каде Србија откупила 40% од вкупниот увоз на вино.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:винска визијаотворен балкан
Претходен напис Николовски: Комплетно завршен и во функција системот за наводнување Чаушица
Следен напис Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и слаб северозападен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?