Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Битиќи: Со Отворен Балкан полесно го надминуваме недостатокот од храна и струја, како и ризиците од пожари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Битиќи: Со Отворен Балкан полесно го надминуваме недостатокот од храна и струја, како и ризиците од пожари
Агровести

Битиќи: Со Отворен Балкан полесно го надминуваме недостатокот од храна и струја, како и ризиците од пожари

Објавено 26/07/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Целта на Отворен Балкан е сите нас да не носи напред кон развој, интеграција, конкурентност наспроти меѓусебна конкуренција, слобода на движење на 4-те слободи на Европската Унија, олеснување на процедурите, солидарност и подадена рака. Верувам дека Отворен Балкан е повеќе од идеја и повеќе од иницијативи и има полн капацитет да одговори на потребите и да даде оперативни решенија. Оваа идеја сите не спојува во јасна, отворена, искрена и граѓанска намера.

Ова го порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во Тирана на отворањето на пленарната седница на меѓувладините работни групи кои денеска и утре ќе дискутираат за детална имплементација на постигнатите договори во рамките на Отворен Балкан.

-Време е да се фокусираме на резултати, опипливи и видливи кои произлегуваат од реалните потреби на граѓаните што значи дека се автентични и органски. Денеска тука сме три земји со отворени претпристапни преговори со Европската Унија и сите знаеме колку Отворен Балкан има потенцијал да ги акцелерила реформите потребни за влез во ЕУ. Преку Отворен Балкан, заедно во ЕУ. Тоа е нашиот пат и се надевам дека на истиот набрзо ќе се приклучат и другите земји од Западен Балкан, посочи Битиќи.

Нагласи дека заедно со колегите од Албанија и Србија ќе работат на утврдување на рамки на работа и протоколи и начини на кои солидарно ќе си помагаме при катастрофи и несреќи, при недостаток на храна и при енергетска криза, со што периодов се соочуваме како резултат на глобалната криза предизвикана од руската воена инвазија врз Украина.

-Иако секоја национална економија има свои соодветни одговори на предизвиците со кои се соочуваме, како онаа од претходната недела кога Северна Македонија воведе забрана за извоз на пченица – но, доколку оперативниот план што тука заедно ќе го работиме со колегите од Албанија и Србија покаже дека можеме и треба да помогнеме со количина на пченица за нашите сојузници од Отворен Балкан, ќе најдеме начин тоа да го направиме, како и можни начини за заеднички настап на глобалниот пазар како поголем регион или како цела Унија со земјите кандидатки, вети Битиќи.

Истакна дека унапредувањето на трговската размена и синџирите на снабдување се потенцијал од кој сите можеме да капитализираме преку, како што рече, стимулирање на носење на синџирите на набавка во нашите земји и блиску границите на Европската Унија.

-Секое лето успешно или за жал помалку успешно се справуваме со летните пожари. Ќе изработиме планови и ќе создадеме оперативни групи за да одговориме едни кон други итно кога на некоја од нашите држави и е потребна помош, но сигурен сум дека ќе дефинираме и можности за помош на останатите земји од регионот. Подготвени сме да помогнеме секому, потребата од помош нема граници, рече Битиќи.

Посочи дека на денешната седница на меѓувладините работни групи ќе расправаат и за заедничко надминување на енергетската криза и начините за штедење, начинот на активирање на идентификацискиот број за граѓаните и потребата за отстранување на работните дозволи.

-За сите овие теми, пет работни групи ќе имаат интензивна работа во следните два дена, посакувам да се продуктивни и на крај на утрешниот ден да го презентираат сработеното, рече Битиќи.

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:Битиќиотворен балкан
Претходен напис Цените на житарките пораснаа поради ракетниот напад врз Одеса
Следен напис Гори во Струмичко и во Тетово, локализирани осум пожари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?