Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Брод со руско ѓубриво плови кон САД – Извозот ќе се зголемува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Брод со руско ѓубриво плови кон САД – Извозот ќе се зголемува
Агровести

Брод со руско ѓубриво плови кон САД – Извозот ќе се зголемува

Објавено 25/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
www.marinetraffic.com
Сподели
Ad imageAd image

Танкер кој превезува течно ѓубриво од Русија наскоро ќе пристигне во САД, покажуваат извори и податоци за следење на бродовите последниве денови, објави денеска Ројтерс. Во Њу Орлеанс денеска треба да пристигне танкерот „Џони Ренџер“ под либериско знаме со околу 39.000 тони ѓубриво направено со комбинација на уреа, азотна киселина и амонијак.

Ублажување на кризата?

Со овој потег, во време на широко распространета загриженост дека глобалните цени на ѓубривата ќе бидат превисоки, Вашингтон, како што пишуваат, ја ублажува кризата, недостигот и ги ограничува цените на храната.

Станува збор за 39.000 тони раствор на уреа амониум нитрат, натоварен на брод во Санкт Петербург, кој плови кон Њу Орлеанс.

Портпаролот на Стејт департментот нагласи дека САД не санкционирале храна или земјоделски производи од Русија.

„За разлика од руската влада, не е во наш интерес да ја користиме храната како оружје за да создадеме хуманитарна криза што би го погодила ранливото население“, рече тој.

Го прошируваат извозот

Извозот на минерални ѓубрива од Русија би можел да се зголеми. Владата, на барање на Руската асоцијација на производители на ѓубрива (RFPA), ја разгледува можноста за зголемување на бројот на контролни пунктови преку државната граница со цел да го прошири извозот на оваа стока, објави тамошната Национална агенција за рејтинг (NRA).

Руските производители го намалија користењето на балтичките пристаништа во последниве години, а RFPA претходно побара да се дозволи извоз преку пристаништата Темрјук и Кавказ (Краснодарски регион). Капацитетот на Темрјук е 5,8 милиони тони годишно, додека капацитетот на пристаништето Кавказ е 27,5 милиони тони.

RFPA предложи проширување на списокот со вклучување на пристаништето Находка (регионот Приморска), 20 железнички линии и 10 патни контролни пунктови.

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:ѓубриво
Претходен напис Мрачна проценка: Речиси половина од територијата на ЕУ е во опасност од долготрајна суша
Следен напис Николовски: Заврши реконструкцијата на регионалниот пат од Пробиштип до Лесново
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?