Нешто помалку од половина од територијата на Европската Унија е во опасност од тешка и долготрајна суша што може да ги намали придобивките во производството на храна, стои во јулското издание на Билтенот JRC MARS – Мониторинг на посевите во Европа.
Мрачната проценка на Европската комисија покажува дека 46 отсто од територијата е изложена на предупредувачки нивоа на суша, а уште 11 отсто се во состојба на подготвеност. Овие податоци е многу загрижувачки.
Вода има се помалку
Недостатокот на вода во почвата е се поочигледен, а посевите се под вегетациски стрес. Има голем притисок врз земјоделските системи, а конкуренцијата за водни ресурси е голема. Земјоделскиот потенцијал и приносите се намалени.
Најзагрозени се Франција, Романија и Унгарија и неколку медитерански региони, вклучувајќи ги Италија, Шпанија и Јужна Грција.
Во извештајот се забележува растечки тренд на последиците од овие временски непогоди. Од почетокот на годината регионите ги зафаќа сериозна суша, а погодените подрачја стануваат се поголеми. Загрозени се количината на вода што ќе биде достапна во наредните месеци. Стресот предизвикува пад на приносите, а најпогодени се житарките. Зголемена е опасноста од шумски пожари.
За време на состанокот на министрите за земјоделство на ЕУ, шпанскиот министер за земјоделство Луис Планас истакна дека оваа година се очекува земјата да достигне производство од 20 милиони тони житарки. Но, сушата која преовладува, која предизвика исклучително тешка ситуација, ќе го намали приносот меѓу 17 и 18 милиони тони, пренесува Euractiv.
Ситуацијата во Унгарија е драматична. Во некои региони содржината на влага во почвата е близу нула, а делегацијата на оваа земја најави драстичен пад на приносите, што ќе ја загрози храната за животни и безбедноста на храната. Тие се приклучија на повикот на Шпанија за поголема флексибилност во рамки на правилата со кои се уредува програмата за субвенционирање на ЕУ. Ова е неопходно за да им се овозможи на членките повеќе простор за маневрирање во однос на барањата за животната средина, како и поддршка за наводнување.
