Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Платежната агенција го објави ИПАРД повикот за Мерка 3: Нови 5 милиони евра за винската, месната, млечната, мелничката и целокупната преработувачка индустрија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Платежната агенција го објави ИПАРД повикот за Мерка 3: Нови 5 милиони евра за винската, месната, млечната, мелничката и целокупната преработувачка индустрија
Јавни огласи и повициФондови

Платежната агенција го објави ИПАРД повикот за Мерка 3: Нови 5 милиони евра за винската, месната, млечната, мелничката и целокупната преработувачка индустрија

Објавено 23/07/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како што беше најавено денеска АФПЗРР го објави повикот за Мерка 3 од ИПАРД со кој 5 милиони евра им стојат на располагање на винската, месната, млечната, мелничката и целокупната преработувачка индустрија.

Повикот се однесува на Мерка 3 за финансиска поддршка за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

Финансиската поддршка за овој јавен повик изнесува вкупно 5.028.568 евра, односно 75% средства обезбедени преку ИПАРД програмата и 25% средства обезбедени од буџетот на Република Северна Македонија. Заедно со инвестициските средства од страна на корисниците вкупниот инвестицкиски фонд за оваа мерка изнесува 10 милиони евра.

Финансиските средствата по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка, (грант) во износ до 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Напомена: Заради временската рамка за реализација на активностите од ИПАРД Програмата 2014-2020, крајниот рок за реализација на инвестиции со овој Јавен повик e 31.05.2023 година, додека, рокот за поднесување на барањата за исплата е 30.06.2023 година.

Во продолжение основни информации околу повикот, а за повеќе информации и изготвување на апликации можете да ни пишете на [email protected] или да не контактирате на телефонскиот број 071/225 – 345.

Според законот за основање на Aгенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – исплатата на финансиската поддршка се врши по донесено решение за исплата од страна на Агенцијата, во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на барањето за исплата.

Мерка 3 – инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи

Групите на инвестиции по приоритетни сектори се однесуваат на следниве типови на инвестиции:

  • Млеко и млечни производи;
  • Месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина);
  • Овошје и зеленчук (вклучувајќи ги компирите, печурките и легуминозните култури);
  • Житарици, мелнички продукти и скроб;
  • Растителни производи и масла и маснотии од животни;
  • Шира, вино и оцет:
  • Производство на енергија преку погони за преработка и производи од животни од примарната и секундарната биомаса, со исклучок на биомаса од рибни производи.

Во овој јавен повик не се прифатливи инвестиции во градежни објекти, односно изградба, доградба, надградба или адаптација на објекти.

ИНВЕСТИЦИИ ПОВРЗАНИ СО ПРОИЗВОДСТВО НА ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

Единствено прифатливи се инвестиции за набавка и поставување/инсталирање на фотонапонски панели за производство на енергија за сопствени потреби. 

Сите останати инвестиции за производство на енергија од други обновливи извори не се прифатливи.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

На овој повик може да аплицираат микро, мали и средни претпријатија регистрирани во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Микро 

  • помалку од 10 вработени 
  • годишен приход (обрт) до 2 милиони евра 
  • биланс на состојба до 2 милиони евра 

Мали

  • помалку од 50 вработени
  • годишен приход (обрт) до 10 милиони евра
  • биланс на состојба до 10 милиони евра

Средни

  • помалку од 250 вработени
  • годишен приход (обрт) до 50 милиони евра
  • биланс на состојба до 43 милиони евра

Повеќе информации на следниот линк на Платежната агенција каде што е објавен повикот.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Нов агроцентар во Гази Баба вреден над 50 милиони евра – нова надеж за македонските земјоделци!
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Организирани банди крадат добиток во Германија: Фармите остануваат без цели стада
Таг:агробизнисмениБачовскиекономијаземјоделциинформациинајновоповик
Претходен напис Од 64-та седница: Владата ги измени препораките поврзани со топлото време
Следен напис Објавен повикот за Мерка 3 од ИПАРД: Неповратни средства за инвестици во ФОТОВОЛТАИЦИ за производство на енергија за сопствени потреби
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?