Риболовот е многу важна гранка во Европската Унија, а нејзината флота делува ширум светот и брои над 97.000 пловни објекти. Во оваа индустрија се вработени над 160.000 работници, а една четвртина од вработените се во Шпанија.
Според податоците на Евростат, речиси три четвртини или 72,8 отсто од уловот во 2020 година потекнува од Североисточниот Атлантик.
Данска, Франција, Холандија и Шпанија оствариле најголем улов на риба во оваа област. Најзастапени видови риби се харингата, скушата и папалините.
Две други значајни риболовни подрачја се Медитеранот и Црното Море, каде што се уловени 9,4 отсто и Источниот Централен Атлантик со улов од 7 отсто.

