Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Што треба да знаат сопствениците на трактори? На колку време се врши технички преглед и што ако се изгуби сообраќајната дозвола?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Механизација > Што треба да знаат сопствениците на трактори? На колку време се врши технички преглед и што ако се изгуби сообраќајната дозвола?
Механизација

Што треба да знаат сопствениците на трактори? На колку време се врши технички преглед и што ако се изгуби сообраќајната дозвола?

Објавено 19/07/2022
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во продолжение прочитајте и потсетете се на неколку корисни информации во врска со тракторите кои се предвидени со Законот за возила на Република Македонија.

Според Законот за возила на Република Македонија, трактор и/или тракторска приколка подлежат на повторна регистрација на секои шест години од првата регистрација. Сопственикот на трактор и/или тракторска приколка е должен за време на важење на сообраќајната дозвола да поседува доказ за извршено осигурување и доказ за техничка исправност на возилото, односно потврда за извршен технички преглед на возилото.

Секоја измена која влијае на промена на податоците во сообраќајната дозвола, кои се однесуваат особено на: технички промени на возилото, промена на сопственоста, промена на адресата на живеење, одјавување на возилото и слично, сопственикот е должен во рок од 15 дена од денот на настанување на промената да ја пријави во Министерството за внатрешни работи според местото
на регистрација на возилото или според живеалиштето, односно седиштето на сопственикот. Кон пријавата за промена, сопственикот на регистрираното возило е должен да приложи и докази со кои ја докажува настанатата промена.

Губењето на сообраќајната дозвола се објавува во „Службен весник на Република Македонија“.

Тракторите и запрежните возила во сообраќајот на патиштата треба да ја имаат задолжителната опрема на возилата согласно со одредбите од Законот за возила и прописите донесени врз основа на овој закон.

Член 47 Трактори надвор од сообраќајот на патиштата
Став 1 Трактор што е надвор од сообраќајот на патиштата и се употребува за извршување на земјоделски, односно шумски работи, треба да има пропишани исправни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема. Ако на тракторот се вградени сигурносни појаси, возачот и патниците треба да бидат врзани на прописен начин.

Став 2 На тракторот може да бидат вградени само одобрени системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема, доколку за нив е потребно одобрување согласно со одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.

Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на возач што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) на овој член.
Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на сопственикот на тракторот што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) на овој член.
Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе им се изрече за прекршок на патниците кои не се врзани на прописен начин.
Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице што вградува во тракторот системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема, спротивно на одредбите од ставот (2) на овој член.
Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице што постапува спротивно на одредбите од ставот (2) на овој член.

Рокови за извршување на редовни технички прегледи

Како што е наведено во Член 51 од Законот за моторни возила (стр. 40), првиот технички преглед се извршува две години по првата регистрација за мобилни машини, трактори и моторните возила со најмалку четири тркала, кои се користат за превоз на патници со не повеќе од осум седишта.

Потоа, технички преглед на тракторот се извршува секоја година.

Основната премија за осигурување во зависност од киловатите се движи од 326 до 3684 денари.

до 18 киловати – 326 денари

од 18 до 25 киловати – 494 денари

од 25 до 33 киловати – 657 денари

од 33 до 44 киловати – 861 денар

од 44 до 73 киловати – 1310 денари

од 73 до 110 киловати – 2049 денари

од 110 до 147 киловати – 2869 денари

над 147 киловати – 3684 денари

Првиот технички преглед за лесни приколки се врши четири години по купувањето од страна на првиот сопственик.

Тракторски приколки чија сума на технички дозволени оскини оптоварувања е над 1.500 кг,
треба да бидат технички прегледани на секои четири години.

Државниот инспекторат за земјоделство има право:
1) да провери дали трактор што е надвор од сообраќајот на патиштата и се употребува за извршување на земјоделски, односно шумски работи има исправни системи, составни делови или самостојни технички единици и опрема во согласност со барањата на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон;
2) дали тракторот е опремен со кабина или заштитна рамка од превртување;
3) да провери дали возачот и патниците ги користат сигурносните појаси и другата заштитна опрема, доколку такви се вградени и предвидени и
4) да преземе мерки за забрана за користење на трактори кои немаат исправни системи, составни делови или самостојни технички единици и опрема во согласност со барањата на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.

Извадоци од Законот за возила на Република Македонија

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Агро Геа понуда: Сено – собирач/растурач
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач, одличен за работа на фарма! Можност за плаќање на рати!
Агро Геа: Резервни делови за БАЛИРАЧКИ од брендовите SIPMA, JOHN DEERE, CLASS, WELGER, LIFAM, NH, AMA Scrobatti, MF, IHC и други
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач со носивост 520 кг, одличен за работа на фарма!
АГРО ГЕА: Тракторски приколки!
Таг:технички прегледТрактор
Претходен напис Сместувачките капацитети на охридското крајбрежје речиси полни, најбројни се туристите од Холандија и Полска
Следен напис (ФОТО) Исчистени патеките, летниковците и пристапните патеки кај велешко езеро „Младост“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?