Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Осигурувањето на земјоделското производство ќе биде еден од условите за исплата на субвенциите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Осигурувањето на земјоделското производство ќе биде еден од условите за исплата на субвенциите
Агровести

Николовски: Осигурувањето на земјоделското производство ќе биде еден од условите за исплата на субвенциите

Објавено 08/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За новиот концепт на осигурување и заштита на земјоделското производство и резултатите од донесените мерки за поддршка на домашното производство пред се на житни култури, министерот за земјоделство Љупчо Николовски зборуваше на гостувањето во емисијата Македонија наутро на МРТ 1.

„Концептот кој го работиме за осигурување на земјоделското производство има за цел да бидат осигурани сите земјоделци. Тоа ќе биде и еден од условите за исплата на субвенциите, а земјоделците повеќе нема да бидат во страв и незивесност.
Предвидува висината на полисите да ја утврдува државата, тие да бидат пониски, а со многу поголем опфат на ризици од досегашните полиси. Потоа донесување на нов закон за осигурување во земјоделството каде што се регулира и исплатата на штетата кон земјоделецот. Подготвивме ново побрзо и подобро решение за земјоделците, односно исплатата за настаната штета да биде извршена во текот на истата година кога е настаната штетата.

Граѓните можат да бидат спокојни, ќе имаме доволни количини на стратешки култури и доволно храна. Навремено подготвивме мерки за поддршка на секој еден земјоделец преку Националниот план за производство на храна.

Радува големиот интерес кај земјоделците за аплицирање по мерките за поддршка при набавка на вештачко ѓубриво, како и големиот интерес со склучени 258 договори за земјоделско земјиште за обработка на житни култури. Овозможивме и дополнителна мерка од 100 евра за остварен зголемен принос од еден хектар па нагоре за површини под житни култури.
Добрата откупна цена која ја има за јачменот, а очекувам добра цена и за пченицата, но и добар принос, ги потврдува резултатите од мерките за поддршка на домашното производство. Она на што инсистираме овој период е целото домашно производство на стратешки култури, пред се, да заврши во домашни преработувачки и откупни центри.“, рече меѓу другото министерот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Николовски
Претходен напис Македонија и Косово ќе ја официјализираат соработката во делот на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните
Следен напис За една недела ќе се објави повикот за Мерка 3 од ИПАРД – 5 милиони евра неповратни средства за фотоволтаици, машини, нова технологија, механизација…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?