Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најмногу манипулации со субвенциите во овчарството, ќе се менува концептот на поддршка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Најмногу манипулации со субвенциите во овчарството, ќе се менува концептот на поддршка
Агровести

Најмногу манипулации со субвенциите во овчарството, ќе се менува концептот на поддршка

Објавено 07/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Зошто кај дел од субвенциите резултатите воопшто не се видливи, односно субвенционираме нешто за што немаме производство и дали е потребна реогранизација на моделот. Ова се двете клучни прашања на кои, како што рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, одговори ќе треба да даде Агро советот.

Агро советот денеска ја одржа конститутивната седница, а неговата улога е преку широка, конструктивна дебата да предлага конкретни, реални решенија за земјоделството.

Субвенционирањето и воведувањето нов, транзициски модел на поддршка ќе бидат теми и на утрешната седница на владиниот Економски совет што ја најави Николовски.

-Новиот, променет, транзициски концепт на поддршка треба да ги елиминира сите можни манипулации во делот на субвенционирањето. Најголем дел се констатирани официјално, од надлежни институции, во овчарството, но и во многу други сектори. Овој концепт треба да даде одговор на прашањето зошто кај дел од субвенциите резултатите не се видливи во производството. Со реорганизирање на моделот, целта е остварување на посакуваните ефекти од поддршката што се дава. Сега е моментот да го понудиме тој концепт, генералните правци утре ќе ги дискутираме на владиниот Економски совет, но за деталите тука, на Агро советот, сите заедно ќе ги договориме, истакна министерот во обраќањето на конститутивната седница.

Николовски напомена дека приоритет ќе се стави на производителите кои професионално се занимаваат со земјоделство и на кои тоа им е единствениот приход. За нив се планира долгогодишен сериозен пакет за поддршка кој ќе се разликува од другите и кој ќе може да се користи во секој момент со една апликација или бизнис план.

-Другата крупна новина е воведување основна и дополнителна субвенција врзана со производството кое ќе треба да биде предадено. Верувам дека до први септември ќе ги затвориме сите овие прашања. Кај Владата има расположение, но треба да го поминеме претходно консултативниот процес со сите засегнати страни, потенцира министерот Николовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:овчарство
Претходен напис Од утре до недела дожд и опаѓање на температурите
Следен напис Зголемени трошоците на живот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?